Неопходно е да и се помогне на Украина, но и да се избегне ескалација и влегување во војна со Русија, бидејќи во тој случај би започнала трета светска војна, изјави денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.
– Едно е јасно: потребно е да и се помогне на Украина колку е можно повеќе, но и да се избегне ескалација на војната. Треба да спречиме војната да се прошири во други земји и да војуваме со Русија. Тоа би била трета светска војна, истакна Борел во интервју за француското радио Франс Инфо.
Запрашан за можноста за европско ембарго на рускиот гас и нафта, како што одлучија САД, тој оцени дека на Унијата ќе и биде многу потешко да направи таков избор.
– Ние увезуваме многу од тоа. Тоа не е премногу тешко за САД бидејќи тие речиси и не трошат руска нафта, нагласи Борел.