Шефот на дипломатијата на Европската унија Жосеп Борел изјави денеска дека Бугарија треба да биде пофлексибилна по прашањето за проширување на ЕУ кон Западен Балкан.
Бугарија го стопира влезот на Северна Македонија, која е членка на НАТО, во ЕУ, поради несогласување со Скопје околу прашањето на јазикот.
-Мислам дека Бугарија треба да покаже поголема флексибилност по ова прашање, што го блокира почетокот на пристапните преговори, изјави Борел на настан во Мадрид.
Претходно, оваа недела, на самитот во Брдо, лидерите на 27 земји од Европската унија ветија членство на Балканската шесторка, повторувајќи ги ветувањата дадени од пред 18 години, но одбија да ја одредат 2030 година како последен датум за прием, стравувајќи од повратна реакција во нивните земји поради миграцијата.