Борче Стефановски го фати осветениот крст за Богојавление-Водици во Тетово

by Fokus

На годинешното празнување на Богојавление-Водици во соборниот тетовски храм „Свети Кирил и Методиј во Тетово“, осветениот крст во црковниот базен го фати 32 годишниот Борче Стефановски.

Празнувањето започна со литургија која ја отслужија свештениците на тетовското намесништво кои потоа го извршија и чинот на водосвет и положување на осветениот крст во црковниот базен.

– Ова ми е прва година што скокам по осветениот крст и за прв пат успеав да го фатам. Посакувам на сите здравје, среќа, љубов и мир, рече Борче Стефановски

По осветениот крст скокаа и 29 годишниот Филип Петрушевски и 32 годишниот Игор Андријевиќ.

Поврзани новости