27 годишната Амина е пред голема борба во животот и итно е потребна трансплантација на матични клетки. Таа боледува од акутна лимфобластна леукемија а за лекувањето се потребни 250.000 евра за медицински третмани во Германија, поради неможноса тоа да се направи во Македонија.
„Да ја покажеме нашата хуманост на дело. Амина има само 27 години а веќе стои исправена пред проблемите на животот. Ние можеме да помогнеме да ги преброди за да продолжи да живее и да има среќен живот како што заслужуваме сите ние.
Амина боледува од акутна лимфобластна леукемија (Т – ALL) и ИТНО е потребна трансплантација на матични клетки, но поради неможност тоа да се направи во Македонија потребно е да се направи во Германија која чини 250.000 евра.
Нејзината моментална состојба бара постојана лекарска нега и поради тоа во моментов се наоѓа во клиниката во Гетинген во Република Германија.
Немаме време да чекаме да помогне некој друг, тоа треба да го наравиме ние!
Апелираме на вашата хуманост, и само за миг да се ставиме на местото на нејзиното 3 годишно синче и нејзините родители и да и помогнеме на Амина и на нејзиното семејство.“
Жиро сметка: 200001235951294
Извор – https://alalives.com/mk/da-i-pomogneme-na-amina-da-zhivee-zhivot-kakov-shto-zasluzhuvame-site-nie/