Борба за превласт над казината на криминално-полициски групи го стави на отстрел Раде Трајковски-Штекли?

by fokus

Одземањето на моќта на „Дуќанџик“ и групата од Грчец била цел на повеќе криминални структури со политичко-полициска поддршка, кои предизвикаа земјотрес во скопското подземје. Мета за отстрел во оваа битка стана Штекли, кој бил дел играта на сојузот „Беланоца“ – „Барон“ за „разоружување“ на Дуќанџик, која веќе е обезглавена.

Пишува: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

Една недела откако во „Ист гејт“ куршуми му го распараа дел од белодробното крило, Раде Трајковски-Штекли со фотографија на социјалните мрежи, насмеан испрати порака дека ја добил и оваа битка и си оди дома.

Иако министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски тврдеше дека полицијата има осомничени за нападот, и по неколку недели нема официјални информации кое беше лицето што го снимија сите безбедносни камери во центарот и ладнокрвно си замина откако ги застрела Штекли и неговиот многу помлад соработник Колумбо.

Како што се случи и во претходните убиства, автомобилот „ауди А4“ со кое се превезувал напаѓачот беше најдено запалено, во скопското село Бојане. За тоа до каде е истрагата за нападот, од МВР упатуваат кон Обвинителството, а тие, пак, велат дека тој што треба да го открие идентитетот на сторителот е токму полицијата.

„Јавен обвинител во континуитет издава наредби и насоки за откривање сторител на кривичното дело. Орган за откривање на идентитетот на сторителот во конкретниот случај е Министерството за внатрешни работи. Откако ќе биде идентификуван сторителот, јавното обвинителство ќе преземе кривичен прогон согласно своите законски надлежности“, велат од Обвинителството за „Фокус“.

Иако официјални информации нема, остануваат прашањата како и зошто Штекли стана мета на напад и што се крие во заднина, со оглед дека скопското подземје „зовре“ последнава година и не престанаа убиствата и нападите меѓу криминалните банди.

Кулминација на оваа „војна“ и сигнал дека нешто се случува во овој свет, кој е далеку од обичниот човек, беше двојното убиство што се случи во март во „Шиша бар“, кога беа убиени Јетон Кривањева-Жила и Енес Исеинов-Љаци од криминалната група „Дуќанџик“.

Неделникот „Фокус“, во серија текстови, пишуваше за тоа како криминалните кланови влегоа во сурова битка до истребување, па за само неколку месеци се случија четири мафијашки убиства и два напади врз Штекли.

Неговото име во последните години не се споменуваше многу често по медиумите, освен кога беше уапсен и екстрадиран, а не се поврзуваше ниту со последните мафијашки убиства.

„РАЗОРУЖУВАЊЕ“ НА ДУЌАНЏИК

Но, сепак, стана цел на напад, што ја откри неговата поврзаност со новокомпонираната група во подземјето „Барон“. Според неофицијалните информации на „Фокус“, за да се разберат причините за нападите врз Штекли, треба да се вратиме многу наназад.

Нашите извори, кои континуирано ги следат активностите на скопското подземје, велат дека наводното обезбедување на казината се најголема причина за крвавата војна, која датира од деведесеттите и почнува кога една група се двои на две – „Беланоца“ и „Дуќанџик“.

Низ годините, така се раѓаат повеќе групи што го бараат своето место, така што тие склучуваат сојузи со други групи во битката за превласт со конкурентите.

Последното прегрупирање, според нашите извори, почнува со разбивањето на моќниот клан „Дуќанџик“, кој заедно со групата од Грчец имаа политички врски со крилото од партијата на власт кое се отцепи и формира, нова политичка партија.

Овие групи, здружени заедно ја имале превласта и во кафулињата, дискотеките, но и во казината. Во прилог на ова, е акцијата на МВР „Безбеден град“ која официјално не се знае кога почнала.

Оваа оперативна активност почна почесто да се споменува по убиството на Жила. „Фокус“ тогаш објави дека на списокот за редовна контрола и претрес на безбедносни интересни лица кои се спроведуваат од единицата „Тигар“ во содејство со СВР Скопје од вкупно 49, дури 47 лица се припадници на картелите „Дуќанџик“, „Грчец“, како и „Бундес“.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

(Архива) Нов напад, исто место, иста мета -дали нападот врз Штекли е поврзан со прегрупирањето во подземјето на релација Грчец – Барон?

Поврзани новости