756
На денешниот антиковид протест се случи инцидент, кога првиот говорник, поранешен вработен во военото разузнавање, како што самиот рече, говореше предолго, поради што останати протестанти бараа да го отстапи микрофонот.
Тој одбиваше, па во еден миг дојде до туркање меѓу него и неговите поддржувачи, од една страна, и жена која сакаше да говори, од друга страна. На крајот, интервенираа редари.
-Втора Светска Војна не им успеа со оружје, па почнаа со заплашување, без куршум да се пороби државата. Ова е план мислен 100 години, вистината е со мене. Ковид е измама, се работи за план за депопулација – рече првиот говорник, додека дел од присутните скандираа „слобода“.