Откако се оспори барањето за покачување на минималната плата на 450 евра во првите сто дена Влада, се оспори и легитимитетот на актуелното и минатото раководство на Сојузот на Синдикати на Македонија.
Живко Митревски, кој беше претседател на ССМ во периодот од 2010 до 2017 година, денес соопшти дека поседува документи според кои тој е нелегално сменет од позицијата и дека изборот на неговиот наследник Дарко Димовски и сегашниот претседател Слободан Трендафилов се нелегитимни.
Трендафилов, пак, тврди дека обвинувањата се неточни, бидејќи сите постапки се правосилно завршени. Според него, станува збор за уште обид за упад и политички притисок.
Митревски не даде одговор дали ќе ги поддржи барањата на актуелното раководство доколку биде повторно назначен за директор на ССМ, а планот и програмата дополнително ќе ги презентира на домашната јавност.