434
Руското Министерство за одбрана соопшти дека системи за противвоздушна одбрана утринава уништиле три украински беспилотни летала над регионот Калушка и дека нема жртви или материјална штета.
„Денеска околу пет часот по московско време, беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со три беспилотни летала врз објекти во регионот Калушка“, се вели во соопштението.
Руските системи за противвоздушна одбрана навремено ги открија и уништија сите беспилотни летала, пренесува РИА Новости.
Калушка област се граничи со Московската област на североисток.