Фронтменот на групата Рибља чорба, Бора Ѓорѓевиќ ќе биде погребан во Чачак, изјави неговиот менаџер Бане Обрадовиќ.
Тој за Курир откри дека е во постојан контакт со семејството и проговори за погребот на легендарниот музичар.
„Разговарав со семејството, се работи на документите. Се уште не се знае кога неговото тело ќе биде префрлено во Србија, а со тоа и за погребот. Постапката во болница и се останато мора да се заврши. Бора ќе биде погребан во Чачак, тоа е негова желба. Тој сепак остави неизбришлива трага со своите дела, нека му е лесна земја“, изјави Бане.
Бора Чорба неодамна беше примен во болница во Љубљана со тешка пневмонија. Се лекувал со антибиотици и кислород, а по неколку дена поради влошување на состојбата бил ставен на вентилатор.
Музичарот пред Нова година имал пневмонија, поради што го откажал концертот во Ниш.