Фронтменот на култниот рок бенд Рибља Чорба, Бора Ѓорѓевиќ, свирејќи на гитара, со песна го најави концертот кој ќе се одржи во Охрид, под отворено небо, на 31-ви јули.
Со музика од песната „Билјана платно белеше”, а со стихови во кои ги повикува туристите во Охрид, да го проследат неговиот концерт во Античкиот теaтар, музичарот го најави настанот на кој ќе се изведат голем број на хитови кои бендот ги создаде во изминатите децении на сцената.
Организатор на настанот е Балкан Медиа, а влезниците по цена од 700 денари се пуштени во продажба.
Бендот најави уште еден концерт во Македонија, кој ќе се одржи на 24-ти јуни во Аква парк – Пробиштип.
За таму, влезниците во предпродажба се 400 денари, а пак на врата ќе се продаваат по 600 денари.
Вики Клинчарова