409
Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи беше заменет уште во првото полувреме при победата со 2:1 над Лацио на „Олимпико“. Повредата му е во глуждот и според „Телеломбардија“ тој ќе биде аут еден месец.
Тоа значи дека Бонучи го пропушта гостувањето на Атлетико Мадрид во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампиони. Судирот ќе се одржи на 20 февруари, а реваншот во Торино е на 12 март, за кога дефанзивецот би требало да е подготвен.
Бонучи ќе ги пропушти уште гостувањето на Аталанта за Купот на Италија, како и натпреварите од Серија „А“ со Парма (дома), Сасуоло (гости), Фросиноне (дома) и Болоња (гости). Тој може да е подготвен за дербито со Наполи на „Сан Паоло“ на 3 март.