572
Боно Вокс, пејачот на ирскиот рок бенд U2, откри дека има полубрат за кој со децении не знаел дека постои, пишува Би-би-си во неделата.
„Имам уште еден брат, кого го сакам и обожавам, за кој не знаев дека го имам“, рече Боно на „Desert Island Discs“ на BBC Radio 4.
Пејачот изјави дека за својот полубрат дознал во 2000 година, додавајќи дека се „помирил“ со тоа.
Боно му рекол на водителот на емисијата дека неговата мајка Ајрис, која починала во 1974 година, не знаела дека нејзиниот сопруг има дете со друга жена.