512
Силвана Бонева ги повлекла сметките за патни трошоци за јули и за август што претходно веќе ги имала доставено до Државната изборна комисија, дознава Алсат – М.
Ова следува, откако неодамна Бонева се најде на удар на јавноста, по веста дека за шест месеци само за патни трошеци од ДИК добила 12 илјади евра.
Претходно, Бонева беше критикувана и затоа што како пратеник во само една година, земала 23 илјади евра, но и поради тоа што нејзините синови имаа купено станови на елитна локација во Скопје.