Бомбите за апсењето на Бошковски ќе се користат како докази против Мијалков и командант Пуки

by fokus

Прислушуваните разговори за апсењето на Љубе Бошковски ќе се користат како докази во судската постапка против поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и екскомандантот на Алфите, Ивица Антевски-Пуки, потврдуваат од Апелациониот суд.

Претходно Кривичниот суд ги отфрли бомбите во предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство, но судиите на Апелациониот суд на вчерашната јавна седница одлучиле да ја преиначат одлуката.

Во „Тортура“ обвинети се вкупно седум лица. Се товарат за „мачење и други сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување. Мијалков е првообвинет.

 

Поврзани новости