Бомби во Титаник: И дијаспората за уши ја ваделе на гласање

by Fokus

Во Кривичиот суд во моментот одекуваат „бомбите“ предложени како докази во случајот „Титаник“, односно за изборните нерегуларности од 2011 година.

Неколку разговори се меѓу Мартин Протугер и Миле Јанакиески, во кој договараат како да ја мобилизираат дијаспората да се регистрираат за гласање. Двајцата соговорници се во паника бидејќи за гласање во дијаспората се пријавиле само 30 гласачи, а потребни се 1.000 за да се озбере пратеник од дијаспората.

-Кажи им во амбасадите од врата на врата да одат и да ги регистрираат за гласање, му вели Протугер на Јанакиески.

Потоа истиот ден му се јавува со нова идеја и вели: „Од секое македонско друштво по двајца нека им се јавуваат и да им пополнуваат материјали“, дециден е Протугер.

Откако Јанакиески ја прифаќа и оваа идеја, Протугер пак го бара и му вели: Да има кол центри во секоја амбасада и да им звонат по три пати ако треба за да се регистрираат за гласање, на глава да им се качуваат, му вели Протугер на Јанакиески.

В.В.

 

Поврзани новости