Бомбата која (ќе) им пресуди на Миле и Гордана

by Фокус

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Марјан Наковски

МЈ: Маријан!
МН: Повели министре.
МЈ: Абе, има околу 300 лични карти за Струмица, во тек си?
МН: За да се прават или треба да стигнат?
МЈ: Да се прават.
МН: Ууууух.
МЈ: Ај слушни се од кај мене со Игор Јанишев, чекај да ти дадам број. 071 269 606.
МН: Добро, ќе се слушнам.

Разговор помеѓу Спиро Ристески и Гордана Јанкуловска

ГЈ: Ало!
СР: Горде, што правиш?
ГЈ: Добро бе Спире, еве, да ти кажам покасно станав и гледам кој што ја згрешил работата.
СР: Сега со Кире зборев ја… па ги барав сега овие глупациве.
ГЈ: Абе, што да ти кажам сеа. Кај таму со висок ризик правиме тоа шо правиме.
СР: Да де, да.
ГЈ: Многу несериозна работава.
СР: Невидена работа. Нема значи, врвен приоритет им беше кој на која листа ќе бидат. Синоќа до два саат се расправавме и пошто тоа им е сеа главен приоритет, ниедна активност не спровеле, меѓу кои и оваа…
ГЈ: Да де, да. Оваа е клучна. Јас му реков некни на Кире, викам, викнете кој што треба, луѓе, ова, она.
СР: Ги викнавме вчера на состанок со Кире кај мене.
ГЈ: Пошто знаеш и кај нас таму тие што сликаат, таму под казна се оди да дремеш на шалтер.
СР: Да, да.
ГЈ: Значи, треба да ги искомбинираш, да не те разберат, па, што да ти кажам.
СР: Катастрофа, неодговорно.
ГЈ: Ништо, те барав јас за тоа, за да некако да видиме, да ја фатиме работава малку.
СР: Да де, да. Сега им звонам на еден по еден, ама не се јавуваат они. Знаат за шо ги бараме.
ГЈ: Да бе да, и на Кире не му дигаат.
СР: Сега ќе видиме за пола саат.
ГЈ: Јас затоа и на тебе истава порака и на Спире Божиновски му ја пуштив, за да знае со кој си има работа.
СР: Да де, да.
ГЈ: И така.
СР: Ништо, ќе ги барам, па ќе се пречуеме уште еднаш.
ГЈ: Важи. Абе, и ја и Кире уште малку кај нас на работа ќе идеме у МВР, ама работава беше, знаееш, да биде кратко, брзо, да се заврши работата, не да нé разберат до Шпанија.
СР: Баш така.
ГЈ: Добро Спире.
СР: Важи Гоцо, се слушаме.
ГЈ: Ајде чао, чао.
СР: Чао.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорник

С: Еј Миле.
МЈ: Од кај ти е информацијава?
С: А?
МЈ: Од кај ти е информацијава?
С: Пепич бе овој што ни ги прави личните карти.
МЈ: Од кај му е него информацијата бе?
С: Од кај му е него информацијата!?….
МЈ: Пред саат време завршивме…
С: Сега ќе го прашам од кај му е. Во чаршија работат, дуќан имаат.
МЈ: Ајде чао.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Коста

МЈ: Добар ден.
К: Ало Миле, Коста на телефон, општински изборен центар. Како си?
МЈ: Добро, Коста?
К: Јас, нешто успеав тука да извадам, едно четири пет избирачи што беа надвор од вреќите…
МЈ: Добро.
К: Така да кога ќе имаш време денес да се видиме, да ти ги дадам.
МЈ: Одма кај мене на работа иди, шо.
К: Кај си ти?
МЈ: Во Министерство за транспорт, зад Собрание.
К: Зад Собрание сте, у на МНР зградата?
МЈ: Да, и уште една работа.
К: Кажи.
МЈ: Може ли бе за овие болните да не обновуваме документацијата?
К: А бе јас би сакал да биде таака, и логиката мене така ми вели. Меѓутоа, насоките на ДИК се такви.
МЈ: Четири-пет избирачки или…?
К: Четири-пет избирачки, да.
МЈ: Не може повеќе, а?
К: Не може. Тие беа надвор, луѓето што беа тука, што собираа, што гледаа од комисијата не беа тука и успеав да ги тргнам на страна, ги ставив во кола…
МЈ: Ги ископира или не?
К: Не, не, него оргиналите.
МЈ: Ајде чао.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Сашо Мијалков

МЈ: Сашо?
СМ: Мхм?
МЈ: Една консултација. Со премиерот нешто у билатерална сала. Една консултација.
СМ: Ааа, добро, кажи.
МЈ: Излегов. Избирчакиот материјал.
СМ: Да.
МЈ: Четири избирачки списоци, дојдов до нив, да видам кој точно гласал кој не. Е сега, избирачкиот материјал е во една просторија кај што имаме клуч.
СМ: Аха.
МЈ: Тие се заврзани во едни црни вреќи, ккако што ми објаснуваа и имаат од оние пластичнине ако ти текнува што се затегнуваат, пластични едни?
СМ: Аха.
МЈ: Има ли од МВР вешт или да појде да види, ако може да ги отвориме без да се сецка?
СМ: Ај кога ќе. Слушај, кога ќе дојдам, да не го збориме ова, пошто сега сум ја у туѓа мрежа. Не знам кој ме слуша, надвор сум ја.
МЈ: Добро ај барај ме.
СМ: Рачунај јас вечер, најкасно до 12-1 сум во Скопје.
МЈ: Барај ме.
СМ: Сега се качувам во авион и се враќам у Скопје.
МЈ: Ајде барај ме, чао.
СМ: Ајде.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Сашо Мијалков

СМ: Миле шо праиш?
МЈ: Добро бе еве у Јагуновце сум нешто, па се враќам назад.
СМ: Кажи ми шо праиме со општинскиве денеска? У колку?
МЈ: Утре ги викав јас. Нема да стигнат денеска. Сите собираат денеска, цел ден има состаноци.
СМ: Епа добро, утре нека биде тогаш ај.
МЈ: Утре, ќе ти пуштиме ние. Слушај што те барав вчера.
СМ: Кажи.
МЈ: Овие што се, избирачкиот материјал е, четири најдовме такви списоци веќе, ќе ги дајме на тие што не изглегле да молиме од врата до врата.
СМ: Мхм.
МЈ: Другите се во црни вреќи. Е сега. Во вреќи се и ставени се во едно депо во Општина Центар. Имаме клуч од таму, ама…
СМ: Од избирачките списоци?
МЈ: Да.
СМ: Па нели го имаме избирачкиот список целиот комплет?
МЈ: Не не не. На тој што е гласано минатата недела. На тој што се потпишуваа.
СМ: Аха.
МЈ: За да знаеме кој излегол кој не излегол. За четири избирачки места го најдовме. Е сега за останатите, во црни вреќи е. Ги знаеш оние пластичните што се затвараат? Кога ќе го тргнеш само се затвара. Како, како наа патент. Пластично е, и со жиг е ставено.
СМ: Добро.
МЈ: Да појде некој, не знам сега дали имата такви луѓе, да го отворат да не се познае дека е отворено?
СМ: Е сега не знам треба да го видиме тој механизам. Мене не ми текнува каков механизмот е тој, ама ај…
МЈ: Абе знаеш како е, како пластично, долго е и само се стега како ортома.
СМ: А, како жица она.
МЈ: Ее така.
СМ: А,знам едно у друго што влага и како жица.
МЈ: Така, е така. Да појди некој од твоиве…
СМ: Па да се стаи ново, што?
МЈ: Ама кај ќе најдеме такво исто?
СМ: А? Па ќе најдеме кој ги става тие?
МЈ: Оти чепат има. ДИК.
СМ: Па од ДИК нека дадат нови и готово, што?
МЈ: Не, ама печат удираат.
СМ: А што ќе ни е тоа, да видиме кој не излегол?
МЈ: Да.
СМ: Па шо ќе напраиме со тоа?
МЈ: Епа на нив ќе одиме посета од врата до врата ќе ојме, ако се наши ќе ги притисниме.

Разговор помеѓу Билјана Бришковска Бошковска и Миле Јанакиевски

МЈ: Е?
БББ: Миле, дај те молам кажи им нека кажат: ние знаеме дека се четири избирачки места, кои што се со овие луѓе. Значи, само нека потврдат дека се тие луѓе. Значи до сега требало напамет да ги знаат кои се тие луѓе.
МЈ: Триесет и четири, Билјана, вчера мене тие ми ги пишуваа.
БББ: Не се бре триесет и четири, ти кажувам дека се четири места, ибирачки.
МЈ: Не се бе, како да ти докажам дека не се, вчера ги гледав.
БББ: Па еве ги гледам, значи ги имаме по избирачки места, тие се само четири од Пустец, луѓе кај што има. Четири се.
МЈ: Ама не се само Пустец проблематични.
БББ: Е па сега, ако имаш ти и други проблематични.
МЈ: А овие од Гази Баба, од Кавадарци, од не знам каде?
БББ: Е па тие се уште неколку. Тие од Гази Баба се 80 луѓе.
МЈ: Вчера Билјана ги гледав, ајде не че те лажам сега. Триесет и четири беа.
БББ: Добро, јас ќе ти тргнам значи кои ми се, и после ти ги оставам овие другиве. Океј?
МЈ: Не, не, не. Не така, не така. Кажи ми колку души ќе тргниш, за да ти кажам
БББ: Значи, јас точно по места ќе ти кажам. Значи ако мислиш дека…
МЈ: Ќе најдам други функционери, ќе најдам.
БББ: Не можеш да најдеш кога се кај мене по други места. Као ќе ги најдеш? Ја морам денес да ги пуштам набљудувачиве по другиве.
МЈ: Билјана че дојдам, најбитно ми е ова кои ми се набљудувачи. Како да ти кажам?
БББ: Можеш да дојдеш во штаб?
МЈ: Па че дојдам.
БББ: Ај те молам дојди, за да се разбереме. Ајде.

Разговор помеѓу Миле Јанакиевски и соговорник

МЈ: Амди бајрам е цар бе.
С: хахаха, што праи?
МЈ: А?
С: Што праи?
МЈ: Недџет Мустафа и овој се жалеа што му напраил Амди, како ги победил. Знаеш што му напраил?
С: Што им напраил?
МЈ:…. нели ибирачкиот список беше прочистен заклучно со 2011 така?
С: Да.
МЈ: Ги зел сите умерени во 2012 година што се, по список…
С: И?
МЈ: И пуштил луѓе да гласаат во нивно име.
С: Ај што збориш? И? Тоа некој го знае?
МЈ: Е па он така вика…
С: Го фатиле?
МЈ: Му викам, му работи мозокот викам.
С: Као може да пушти, као ќе докаже дека се оние. Лична карта, ова она?
МЈ: Па ништо, си оди за некоја жена што е почината. Кој гледа…
С: Добро, ама мораш да дадеш лична карта. Што старата лична карта ќе ја дадеш?
МЈ: Е па не гледале овие идиотиве.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставрески

ГЈ:…а без нив нема победа во Куманово, мислам тој е етничкиот состав. Никогаш неможе Македонец, ептен ако нема еден ултраслаб кандидат, ко ние што имавме прошлиот пат со Петар Поп Арсов, па у прв круг да помине Македонецот.
ЗС: Тој и квалификации да има, и таму нема да пројде.
ГЈ: Да, иначе вака да речам, оптимална политичка борба, нема шанси без Албанци да се победи таму.
ЗС: Аха. Океј.
ГЈ: 30% се Албанци етнички, структурата. Реално има шанси некое место ако се поништи, не е голема разликата на 88.000…
ЗС: Колку е разликата?
ГЈ: 1.700 гласа, на 88.000 запишани.
ЗС: Аха.
ГЈ: Тоа не е ништо, ама …
ЗС: Не е, не е големо ама…
ГЈ: Ама пак ти требаат они, оти кај Македонците нема што да поништуваш…нема контингент….
ЗС: А имате поништување на некое место?
ГЈ: А бе има, приговори ќе се напишат па ти, знаеш како се поништува. Не се поништува на база на аргументи…
ЗС: Еве од овие, Миле сега ме стигна вика у Центар сите 66 ќе ги поништува…
ГЈ: Гледам, ноќеска праеа приговори, се глупираме…
ЗС: Чуда праеа.
ГЈ: Се глупираме. Знам јас, од кај мене цел кабинет работи на Центар.
ЗС: Знам.
ГЈ: Мислам ептен сум у тек за таму. Уште десет пати да поништиме…
ЗС: Исто.
ГЈ: Таа е…
ЗС: Исто.
ГЈ: Тие се луѓето таму…
ЗС: Тоа е.

Разговор меѓу Миле Јанакиески со Кирил Божиновски

МЈ: А што во Центар се’ повлекуваме а?
КБ: Па се’ брат, не знам со овие што се од провинција се мислам што да праиме. Ама и тие биле пишани на повеќе. Знаеш? Да се вклучиш млаце ти таму со Зоки и со Кире ама дефинитивно вака да испиташ дали е ок?
МЈ: Ама Кире тоа е направено човече, на една една адреса десет….
КБ: Не не не. Дали, ако е иста ситуацијата и со тие од провинција од Македонија, разбираш, да се набутани повеќе, тогаш е пак истиот ризик. Знаеш. Прееска ја го зборев и со овој што бевме кај тебе. Ако евентуално кај нив е полабаво тогаш да идеме барем со тие. Ме разбираш? Тие се 135. А ова другово се се канцелира, пошто ќе си направиме многу поголем проблем, знаеш.
МЈ: Многу е аматерски направено ама ај сега нема везе. Ај…
КБ: Аматерски е дефинитивно, разбираш? Аматерски е дефинитивно, требало да ги разглобат. Мислам тука има кривица и општинскиов. Пошто три месеци се работи а не дал ниедна адреса, он у суштина да дал триста адреси.
МЈ: Кире мене никој не ми кажал, оти мене не ми кажавте бе брат? Оти мене не ми кажавте?
КБ: Од кај да знам бе брат? Мене со општинскиве Спире ми тераше. Кире ми тераше, преку Горде со овој официјалниов дел, знаеш. У суштина требал да најде само триста фамилии. И тоа ти се по четири луѓе. Ме разбираш? Ништо. Овој не дал ниедна. И затоа се отишло на ова другово. Шо да ти кажам сега.
МЈ: Ајде.
КБ: Ајде.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески

ЗС: …Ко да еден саат ако одвои Коце не знам што ќе стане
ГЈ: Ама и колку врати бе ќе помине Коце у еден саат и Коце не го знаат мислам…
ЗС: Абе шо се се праи за ова Центар да ти се смачи, мислам стварно на нас ни се смачува од…шо сме од ВМРО
ГЈ: Знаеш еве вчера со Кире од кај мене зборам шо ми е шеф на кабинет, он у Центар живее тука и за оваа другава работа нешо збориме, вика да ви кажам вика да не е… пошо на него му дадов некои работи таму да ги брка да сум сигурна дека законски сме покриени, вика да не е вика за вас и да не е за партија, вика немате поима колку ми се гади од целава работа.
ЗС: Па сигурно… све е Охрид и ова.
ЈГ: За Охрид да не праиме муабет мислам Охрид.
ЗС: Ние као да сме.. ај ќе ти кажувам вчера тоа почнав да зборам…
ГЈ: Го замолив Цветко овој човеков шо сака да го купи станов наш…

Разговор помеѓу Зоран Ставрески и Гордана Јанкуловска

ГЈ: Ало!
ЗС: Види, мене не ми се допаѓа тоа нашето, искрено да кажам.
ГЈ: Мене ич.
ЗС:Јас сум против тоа и не ми се допаѓа. Јас не сакам воопшто такви работи и…
ГЈ: Посебно што и нема некој јак ефект. Ама и да има, не е во ред.
ЗС: Не, не, не одобрувам такви работи.
ГЈ: Исто и ја. Ја, мислам, знаеш, ја кажав тогаш шо кажав и посебно шо тоа е официјален податок, знаеш. Не е некој таен податок.
ЗС: Не можеш да го направиш да не биде официјален. Тоа е.
ГЈ: Се гледа тоа. Со точно име, презиме, адреса, сé. Значи, не може да не се гледа.
ЗС: И после Цацко ќе ни е крив. Ќе излезе по извештаи, сите ќе го пишат.
ГЈ: Да де, да.
ЗС: Не се зафркавај, мислам, колкав и да е влогот, не можам да ја оправдам постапката.
ГЈ: Абе, ја тогаш нели зборев…
ЗС: Ако до таму е дојдено, дај да ја изгубиме таа работа и да се тргнеме, шо.
ГЈ: Епа сега. Да де, да. Јасно ти е.
ЗС: Има граници до кај некои работи треба да се постават.
ГЈ: Јасно ти е.
ЗС: Така да, затоа не ти одговарам со порака, не можам пораки за ова, меѓутоа сакав и да ти кажам, уште претходно кога го видов и го слушав и по весници и по ова, по она. Читам и си викам, што е ова, зошто вака.
ГЈ: Абе, не сме напраиле муабет, многу глупости.
ЗС: Да. Ајде, ќе збориме вечер.
ГЈ: Ај ќе збориме.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Живко Пејковски

ЖП: Ало
МЈ: Живко шо праиш?
ЖП: Добро министре повелете
МЈ: За гласањава сакав да те прашам со затворенициве како оди?
ЖП: Е па еве се органзиираме во сабота ќе гласаат тие. Беа пред некој ден од избирачките одбори дојдени, се договаравме и сабота ќе гласаат тука
МЈ: Имаш контрола?
ЖП: Да да да

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорник

С: Еј Миле?
МЈ: Борче?
С: Кажи?
МЈ: Со Саше зборував вчера, дај вклучи го и генералот, сега јас за Центар ти се јавувам. Војнициве во Центар, четириесет и нешто војници, да си гласаат за ВМРО, инаку нема да бидат војници.
С: Ааа, па што не кажа порано. Денес гласаат они?
МЈ: Војнициве денес гласаат?
С: Денес.
МЈ: Денес. Те молам притисни.
С: Добро. За да излезат.
МЈ: Јави му се и на Саше. Не да излезат! Да излезат и за ВМРО да гласаат!
С: Да де да, знам, знам. Требаше порано да ги провериме. Сега ти текна.
МЈ: А бе Сашо ја тераше, ама килава работа Сашо.
С: Ај ќе се слушнам со Сашо.
МЈ: Ајде.

Разговор помеѓу Мартин Протоѓер и Гордана Јанкуловска

МП: Слушај.
ГЈ: Кажи.
МП: Ја ќе одам утре за Охрид и до денот на избори ќе бидам таму.
ГЈ: Мхм.
МП: И договорив една екипа, нема да ти се допадне тебе ова, ама сакав да те замолам вака, да замижиш за ова. Значи, една екипа, 4-5 души од овдека, на Мацко брат му, такви некои, шо ќе бидат со мене таму.
ГЈ: Бараби.
МП: Да. Што ќе бидат со мене таму. Пошто ми требаат, тешки глупости има таму, плус и за нашиве да им го држат стравот, а и така, да бидат тука.
ГЈ: На Мацко брат му ќе ти направи уште потешки глупости, ама штом си го одбрал, чувај си го.
МП: Нека дојде сеа, него го познавам. Ќе го држам ја колку шо можам под вакво. Да ти пратам имиња и презимиња на луѓево шо ќе дојдат?
ГЈ: Не бе, нека шибаат, не е проблем, само нека се јават. Пошто на пример, он не е кај мене, он е у СВР.
МП: Аха.
ГЈ: Нека му каже на тој што му е шеф да не му пишува ништо, нема гајле, не е проблем.
МП: Фала ти многу.
ГЈ: Нема гајле бе. Ајде.
МП: Ајде чао.
ГЈ: Ајде чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протоѓер

ГЈ: Да. Ало.
МП: Горде, како си?
ГЈ: Кажи Мартин, добро.
МП: Види, вчера имавме ние една мала акција овде у…собрани се тројца коишто за Ацо делеа пари и така. Под ова оградата, напад на овластено лице и така и сеа они имаат претставка до внатрешна контрола пратено.
ГЈ: Добро.
МП: Така да, да си у тек дека е тоа координирано све.
ГЈ: Абе види, ја ти кажав. Мислам, дај Боже да победиме во Охрид, ама со таа банда таму, мислам овие, твојава банда, нема лезет у таа работа. Ништо нема да им се случи, не се секирај, ама кај ги одбра бе Мартин најголемите багабонти у МВР.
МП: Најдобрите дечки се.
ГЈ: Абе ајде, Утка кога ти е соработник, до кое дереџе сме стасале, ама нема проблем за ова.
МП: Ајде. Тоа е.
ГЈ: Пријатно.
МП: Чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и соговорник (Ане)

ГЈ: Ало, Ане.
А: Еј, министерке.
ГЈ: За тој случајот што е у Охрид, што постапувате, гледајте нашиве да бидат ок, чисти таму.
А: Да, да, да. Да, да, нормално.
ГЈ: Добро, добро. Да не згреши некој таму, па после да ја оправаме.
А: Никако нема грешки, се знае, нашите мора да бидат чисти.
ГЈ: Да, да. Ок. Се гледаме.
А: Нема дискусија.
ГЈ: Важи, ајде поздрав, чао, чао.
А: Важи министерке. Чао.

Разговор меѓу Мартин Протогер и Љупчо Тодоровски (Радник)

МП: Ало?
ЉТ: Еј, ме бараше Мартин?
МП: Да. Абе види. Знаат ваму, во Охрид, кој треба да се лоцира и некако како да го штитат.
ЉТ: Кого?
МП: Страшо се вика човекот, што треба да го лоцираат. Страшо Петковски ми се чини дека.
ЉТ: Страшо Петровски?
МП: Страшо Поповски.
ЉТ: Ај сега ќе се јавам.
МП: Значи мора да го соберат него. Еден е собран веќе, тој Јане, со уште двајца фатени. И уште Страшо и готово, ја решаваме овдека равенката.
ЉТ: Сега ќе се јавам бе. Сега одма се јавувам.
МП: Важи Љупчо, фала ти. Чао.
ЉТ: Важи, чао.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Тодоров

НТ: Еее…
МЈ: Исто Нино како и вториот круг…
НТ: Исто како вториот а?
МЈ: 200 гласови помалку ако тоа ти е.. минатиот пат имало 2 550 сега има 277… т.е 2770 имало во вториот круг 2660 имало во вториот круг сега има 2500…
НТ: А ние нашите колку помалце сме ги извадиле или исто ги вадиме нашите?
МЈ: Со помал притисок
НТ: Значи тие 200 се нашите уствари хаха
МЈ: Да де да
НТ: хаха.. па ништо не сме напраиле…
МЈ: Да да затоа ти викам исто е…
НТ: Да да.
МЈ: Нема еве си излегуваат стариве масовно…
НТ: Си излегуваат а?
МЈ: Гиевски не прееба сабајле требаше да се исклучуваат лифтовите сега ќе ги исклучуваме ние механички.. тешко.
НТ: Нема тоа требаше сабејле Миле попладне џабе.. и попладне не искачаат, сабајле искачаат…
МЈ: Мала е излезеноста. Помеѓу 10 и 12 е најголема излезеност…
НТ: Помеѓу 10 и 12 ама гледај ја ти структурата на тие шо излагаат. Структурта на тие шо излагаат е понормална вака ко тебе ко мене…
МЈ: Сега има 2 ипол илјади гласови до сега излезено… 10 посто не 10 ипол.
НТ: Тоа е, не се нервирај ајде, сеа со шефот зборев, он сега влага у авион
МЈ: И јас зборев…

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров

НТ: Да
ГЈ: Нино, завршивте со шефот со изјавата?
НТ: Па вероватно завршил он не знам
ГЈ: Добро..
НТ: Он ми рече во два ќе биде ама треба да прашам сеа
ГЈ: Добро добро ја викам да не има нешто екстра што сметаш дека ние треба да кажеме…
НТ: Не бе битно е тоа мирно мирно мирно.. пет пати мирно толку
ГЈ: Битно да да да
НТ: Се тече мирно толку…
ГЈ: Види ќе кажеме некои инциденти кај шо се комуњари инволвирани
НТ: Да ама дека е се разрешено и дека инсституциите функционираат беспрекорно..
ГЈ: За да се знае кои се хулиганите во оваа држава
НТ: Да да
ГЈ: Тоа е најбитно
НТ: Океј Горде
ГЈ: Зашо после и они нешо ако мрчат ќе кажеме вие сте криви еве глеам полека доаѓаат новинариве кај нас, ок се слушаме
НТ: Ајде чао

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Кирил Божиновски

ГЈ: Абе, овој будалава да ти кажам, Ивица Тошевски.
КБ: Е?
ГЈ: Знаеш шо зборел?
КБ: А.
ГЈ: Пошто нели го решивме него, го преместивме и кажал, абе јас многу се изнамачив, ама некако договорив ова, она, да ме префрлат, ептен овдека сум фаца. А, што е фаца, овдека беше началник, сега е џандар обичен. Вика, со врски ме префрлија овдека, ама добро, ја држам позиции. Сега кога ќе го зачукам негде дополнително.
КБ: Види, тој треба да, размислував за него сабајле, една порака да се упати, пошто ако вака оставиме, човекот нé победи нас, практично.
ГЈ: Да бе, да. Абе види, он е поранешен претседател на Општински, значи каков, таков, има некоја структура.
КБ: И на Општински е, плус џандар, тоа си има влијание у тие краеви.
ГЈ: Да де, да, независно каков е.
КБ: И мислам дека треба да летне и он. Жена му, сега почнав да барам кај работи, треба да ги оставиме без ништо.
ГЈ: Знаеш, он е глуп човек. Значи, сега ќе го пуштиме инспектор.
КБ: И тоа кафаната треба да му ја запалиме. И така. Тие три работи, мора да се направи тоа.
ГЈ: Јас, знаеш што мислам? Значи, он не знае да работи, неспособен е. Значи, он сé што има, има од партијата.
КБ: Да.
ГЈ: И јас сега го чекам на прва грешка за да можам да го избркам, оти вака, ќе го шетам, он ќе праи приказни како е награден и уште ќе ме нервира дополнително.
КБ: Не, да се избрка треба. И он и жена му. И кафаната да му ја растуриме и тоа е.
ГЈ: Прво излегување на терен, он грешка ќе направи. Процедури не знае. Ќе го фатиме и ќе му е…е матер.
КБ: Да, стај му една лепенка да го гледа и тоа е.
ГЈ: Абе, тој и да не го гледа, ќе ја оплеска, глуп е чоеков. Значи, како да ти кажам, ништо не знае да работи.
КБ: М, м, м.
ГЈ: Така да, прво излегување на терен, он ќе ја оплеска и ќе лета од работа.
КБ: Да, да. Фокусирај се на него, пошто знаеш, многу лоша порака ќе направиме ако ништо не напраиме.
ГЈ: Да де, да.

Разговор меѓу Миле Јанакиески и Сашо Мијалков

СМ: Миле?
МЈ: Сашо? Овој младиот, шо беше кај нас на состанок, што беше порано во СДСМ?
СМ: Да.
МЈ: Жерновски го бара на средба. И ми вика ако сакате да се озвучам, да видам што ќе ми нуди, да го навлечи наа, да му збори за пари за такви работи.
СМ: Миле, задржи го него, брзо ќе дојдам сега ја. Завршуваме ние у Влада, ќе дојдам таму ќе се договориме.
МЈ: Да го викнам кај мене?
СМ: Викни го ајде. Ајде чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Трајко Вељаноски

ТВ: Ее Горде…
ГЈ: Кажи
ТВ: Моеш да збориш?
ГЈ: Можам за настанов ме бараш? Ова што се случи?
ТВ: Каде во Ѓорче? Да
ГЈ: Да, ќе го средиме да не зборам многу, ќе биде океј. Утре ќе поминам од кај тебе детално ќе го исдискутираме битно ќе е биде во ред вечерва.
ТВ: А ќе ги пуштат сега
ГЈ: Да да да не зборам многу Трајко ќе биде во ред па утре ја и ти ќе се договараме, ќе те барав и јас да знаеш нејќев многу по мобилен да зборам
ТВ: Добро
ГЈ: Е така, ајде…
ТВ: Ќе ги пуштат сега?
ГЈ: Да бе да само малку треба време да ја изменаџираме за да биде ко шо треба знаеш да… оти не е само доволно да ги пуштат да не биде некој скандал, ме разбираш…
ТВ: Да бе да…
ГЈ: Да ја покриеме работава сега ми беа луѓево во канцеларија нејќам многу по мобилен да зборам, ќе биде во ред да знаеш ќе те барав и јас
ТВ: Добро ајде ајде
ГЈ: Па утре ќе се видиме ќе му ја мислиме…
ТВ: Ајде ајде
ГЈ: Ајде поздрав

Разговор помеѓу Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска

ЗС: Што е работава Горде…од СДСМ се полицајците. Па, не требало бе Горде да бидат од СДСМ. Требало да обезбедиш да не се од СДСМ денеска. Пушти ги од СДСМ у Гази Баба.
ГЈ: Не можам да ги пуштам, СДСМ мора да се на работа за да не може да гласаат.
ЗС: Ок, важи, нема проблем, тоа е. Шо да праам.
ГЈ: Значи, ти дигаш телефон и ми викаш, значи, без да разговараш
ЗС: Ок, ајде не троши време, остај ме. Еве, тоа што е, тоа е. Ајде. Терај си работа.
ГЈ: Ама не

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Кирил Божиновски

КБ: Да
МЈ: Значи Тревисо…
КБ: Како?
МЈ: Тревисо, 350 души, едниот 190 другиот 160ка, 105 илјади евра двата…
КБ: Многу бе.
МЈ: Е толку е Кире
КБ: 105 а? Аа Швајцарија башка а?
МЈ: Швајцарија многу е скапа понудата има една евтина понуда од Базел ама барам друга сеа.. Базел од Швајцарија само голем најдовме 240 патници не знам.. 90 илјади евра скап е тој, сеа поевтин барам
КБ: Не ама види Швајцарија мене ми кажаа максимум има 120 луѓе, иначе они обезбедиле сеа 86 ја им реков да напраат до 100 100 и нешто…
МЈ: Ама Кире едно е за 100 значии…
КБ: Јасно ми е мене сакам да ти кажам дека поголем не ни врши работа.. пошто нема ништо
МЈ: Ја барам за 120 ако се 100 е друг авион разбираш? Крева во цената..
КБ: Да. Ај види и кажи ми.
МЈ: Епа еве ти за Тревисо дај да го завршиме. Кажи ми на кого да се плати и да завршиме…
КБ: Ајде ајде сеа ќе вртам ја.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Трпевски

ТТ: Изволте министре.
МЈ: Кире ми се јави за плаќање .
ТТ: Епаа.
МЈ: 150 илјади евра треба да платиме
ТТ: Е пааа колку?
МЈ: 150.
ТТ: Не бе не после ми се јави Кире другачије е.
МЈ: Шо?
ТТ: Епа, рече 100 и треба да ми пушти документ. Али
МЈ: Профактура ја ќе ти пуштам дај ми мејл и ќе ти пуштам профактура.
ТТ: Не бе не ама Кире ми вика…Кога се виде ти со Кире?
МЈ: Не се видов сега ми се јави на телефон рече…3 авиони се едниот е 105 другиот 50…
ТТ: Е па тие, тие ги чекам да ги да ги пуштите.
МЈ: Е па дај ми мејл на кој профактура да ти пуштам.
ТТ: Ќе ми ги пуштиш на мејл или на
МЈ: На мејл профактура ќе ти пуштам, дај ми мејл
ТТ: Е па Т Трпевски
МЈ: Пушти ми на смс
ТТ: Ајде ајде

Разговор помеѓу Мартин Протоѓер и Миле Јанакиески

МЈ: Ее?
МП: Миле шо праиш?
МЈ: Добар бе еве, на мал митинг идам
МП: Го барам Владо ако си со него
МЈ: Со него
МП: ее му ѕвонам на телефон види ако.. ај ќе ми го даеш попосле само да ти кажам нешо има една фирма Илинден, градежна фирма од Струга асфалтираат по налог на Ацо низ цел Охрид, нека запре кажи му зашо ќе му е…. мамицата кажи му…
МЈ: Ја ќе му се јавам на Раде бе
МП: Јави му се одма. Кажи му асфалтирате по Охрид, работиш за Ацо, кажи му љути се ќе ти ја е.. мајката
МЈ: Добро
МП: Да, дај ми го Владо

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорник (Ѓоко)

МЈ: Ѓоко?
Ѓ: Здраво министер.
МЈ: Што правиш?
Ѓ: Еве баш зборев сега во, ми се јави на другиот телефон кога ме бараа, ми се јави овој во бордот на директори што е во Агрокор, во Хрватска, Денис…
МЈ: Аха.
Ѓ: Веројатно се познавате, доаѓаше, тој е одговорен за овде. Има еден проблем, вчера бевме, со вицепремиерот.
МЈ: Знам…
Ѓ: И има десетина инспектори таму
МЈ: А?
Ѓ: Десетина инспектори имаат, пазаришни, трудови, даночни.
МЈ: Ако де. Ако. Држава сме, контролираме. Речи му пак ти со Заев да работиш. Му е…м мајката у пи.а.
Ѓ: А Овој, Хрватот, ми вика дека, нели ние цело време даваме и поддршка, јас со Заев никој пат.
МЈ: Никаква поддршка, знаеш каква поддршка дадоа? Значи прво, Ставрески појде таму, никој немаше. Второ, на камен темелник не не викнаја.
Ѓ: Знам. Му рече вчера. Му рече вчера, вицепремиерот, тоа што се случило како се случило, таму. Му го спомна тоа. И сега овој Хрватот вика ќе ве дадам во новини, демек така не се работи со фирми. Пријател ми е кога доаѓаше тука…
МЈ: Шо ќе не даде у новини дека му дадовме земјиште по едно евро? Зошто ќе не дај? Нема ли контроли у Хрватска тој? Што реагираше на….
Ѓ: Он сега тоа го користи. Пошто вчера му го кажа тоа Стваревски на него и сега нели еве, за инает е тоа направено денес да имаат контроли.
МЈ: Вака кажи му, низ цела Македонија има контроли така да не се секирај. И кажи му ако соработува со нас, до петти јуни, ние тоа ќе го почитуваме. Ако не соработува со нас до петти јуни, дека ние пак ќе бидеме на власт и ќе го имаме тоа во предвид. Така да му кажеш.
Ѓ: Да му го дадам вашиот број?
МЈ: Не не не. Не можам…
Ѓ: Раководителот на финансии, таму горе кај вас е претседателката на Унија на жени.
МЈ: Добро де ок е.
Ѓ: Тања е таму, значи преку Денис. За да има влијание тој се струмичани ги напука таму.
МЈ: Види, контролираме ние така да не се грижи. Ти кажи му не се грижи. Ако не поддржуваш на петти јуни, ние тоа ќе го почитуваме.

Разговор помеѓу Миле Јанакиевски и Жарко Луковски

МЈ: Кажи Жарко…
ЖЛ: Па ти пуштив порака за компјутериве од сабајле каде да ги однесат?
МЈ: У Министерство донеси ги
ЖЛ: Кај тебе?
МЈ: Да
ЖЛ: Кого да бараат?
МЈ: Јас сум бе тука
ЖЛ: Добро
МЈ: Жарко шо напраи бе со спискот на вработени во Телеком у пм, многу чекаме
ЖЛ: Како како?
МЈ Ти кажа Сашо шо да праиш со луѓево како?
ЖЛ: Да бе да
МЈ: Ќе го тераш?
ЖЛ: Па го терам уше од прошлата недела, си го терам истово шо го зборевме на јавување луѓе само шо не можам да ги носам ја на овакво… Не можам да дојдам да пратам луѓе… Од секое од нив имаше само од нашите кои се лоцирани и кои се туѓи да се сугерира дека отпуштањето на луѓе ќе бидат отпуштени ако не гласаат сега
МЈ: А треба некој да им се јави, излезе не излезе…
ЖЛ: Тоа си ги има и ја и Ирена и Попе и овој Меро..
МЈ: Која Ирена?
ЖЛ: Мишева
МЈ: Остај ја Ирена Мишева со Град Скопје се занимава Ирена, не ја рачунај Ирена
ЖЛ: Ама си е вработена и не е важно Град Скопје она исто ги лоцира луѓето внатре шо се
МЈ: Добро ајде

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Кирил Божиновски?

ГЈ: Да.
КБ: Што праиш?
ГЈ: Еве ќе одам накај Куманово. Ти што праиш?
КБ: Е добро. Ја во Струга завршив. Види, они овде имале, имаат листа на луѓе што живеат надвор од Струга, низ Македонија. Дел се лоцирани, околу 300-400 не им се лоцирани, зошто они на Избирачкиот список стојат као тој Петко Петковски од село тоа и тоа, знаеш… Може ли да им се помогне
ГЈ: Адресата име е во некое село?
КБ: На пример село или населба во Струга, не е важно. Ама толку имаат од него. И сега не може да го лоцираат кај живее во Скопје, во Штип, во ова, во она…знаеш…а значајна бројка е…
ГЈ: А лична карта сменил во Скопје?
КБ: Не, не, не, го има таму на Избирачки список.
ГЈ: Ааа, аха.
КБ: Да. Може ли некако, некој оперативец од кај вас да помогне да ги лоцираме луѓево. Знаеш да се контактира, да им се понуди превоз.
ГЈ: Да видиме по комшии нивни во Струга што се, они најдобро знаат. Оние ние може да најдеме само адреса кај им е. На пример, Кире ми е комшија у маало, знам дали отишол у Скопје, или у Кочани. Сфаќаш?
КБ: Да, да.А може преку база да се, го најдат. Не знам Петко Петковски.
ГЈ: Па у база ќе ни го даде кај што има извадено лична карта или пасош. Да речеме Кире, без разлика дали живее у Скопје, ако има пасош у Струга, нас ни го дава у Струга. Сфаќаш?
КБ: Аха, аха, аха.
ГЈ: А тебе ти треба ако фактички он е надвор од Струга…
КБ: Не, он не извадил. Ако извадил лична карта на друго место, не ни врши работа.
ГЈ: да де, тоа ти викам. Најдобро е според мене, од некој што го знае, знаеш. Ја, ако си ми другар знам дали си у Скопје или у Велес.
КБ: Да.
ГЈ: За да му се пристапи. Па после у Скопје, ако ми каже некој Кире е преселен во иста зграда кај Миле ќе му го пуштам Миле да збори, некој што го знае.
КБ: Знам, ама не можат да најдат такви. Они, не знам од 700 нашле, 300 има, не можат да ги лоцираат каде се.
ГЈ: Нешто роднини, тие нивни немаат нешто така…
КБ:Тоа се грото така од села, заминати, ваму-таму, нема никој.
ГЈ: Оти ние можеме…или па да видиме со телекомуникацискиве компании ако имаат телефон мобилен на нивно име нешто така…
КБ: Да, да, да
ГЈ: Па по телефони, да видиме каде живеат, склучиле договор…
КБ: Е тоа е.
ГЈ: Оти кај нас, мислам ние ќе ги најдеме ама ќе ни ја даде официјално таа адреса што ја пријавил, и после не знаеме…
КБ: Што ја има на Избирачки список
ГЈ: Да де да, ама тоа тебе не ти врши работа. Едино преку телекомуникацискиве компании, на приме ако си купил телефон во Скопје, барем знаеме дека си во Скопје, знаеш.
КБ: Со кој да зборам за тоа?
ГЈ: Па не знам некој таму, овој Мирослав, што е у Телеком у информатика што е сектор, Миро Јовановиќ. Оти Миро треба да ги извади…
КБ:Или Жаре?
ГЈ: Па Жаре пак треба да, на пониско ниво да делегира, Жаре сигурно нема сам да ги бара, али може Жаре па да даде задача.
КБ: Добро, добро, да, добра идеја.
ГЈ: Па после, нешто ако ни треба пак ќе видиме со нашава база да вкрстиме..
КБ: Океј, океј, важи.
ГЈ: Оти друго е на пример да речеме на УБК да им дадеме име, тој и тој ви е у Кочани, така ќе го најдат.
КБ: Така, да, да.
ГЈ: Ама сега тој и тој барајте го во Македонија, малку по…може и ќе го најдат, ама поише време ќе им треба.
КБ; У право си.
ГЈ: А ние немаме многу време.
КБ: Важи, ќе гледаме.
ГЈ: Добро бе Кире, ајде чао.

Разговор помеѓу Стевчо Јакимовски и Сашо Мијалков

СМ: Ало?
СЈ: Добро утро…
СМ: Еј? Стефчо, здраво, шо праиш?
СЈ: Едно мое големо извинување, знам дека е рано…Значи имам еден…
СМ: Нема проблем, ние сме више у функција
СЈ: Вака сега, имам еден голем проблем со Драгиша Милетиќ. Што се случува, слушај ме внимателно…Он треба, комплетни документи во Куманово со извадена жиро сметка да однесе до 10 саат во Куманово и Старо Нагоричане во тие општински изборни комисии, меѓутоа…
СМ: Па што не ги донесеш?
СЈ: Е сега што се случува…Во Централен регистар синоќа интервениравме, луѓето одма ни излегоа во пресрет…Меѓутоа им треба уште најмалку пола саат од Комерцијална банка додека им стигне документот по електронски пат, за да може завршниот документ централниот регистар да им го издаде.
СМ: Кај треба да се јавиме?
СЈ: Во Општинските изборни комисии во Куманово и во Старо Нагоричане да му ја прифатат и после 10 саат, значи документите да му ги прифатат, со жиро сметката. Тоа е барањето, значи ќе го заебеме човекот. Овде во Скопје нема, но таму главното упориште му го заебавме.
СМ: Океј, океј…Еве сега се јавувам одма…
СЈ: Фала многу..
СМ: Значи општинските изборни комисии тоа у ДИК треба…
СЈ: Не, не у па може и од ДИК…Од ДИК ако им се јави некој, тоа ќе биде одлично…
СМ: Или директно некој на комисиите да им се јави по партиска линија?
СЈ: Или директно на комисиите или од ДИК да се јави човек, да каже на Драгиша Милетиќ…
СМ: Не, не, не, директно, директно е подобро…
СЈ: Ајде.

Разговор помеѓу Муса Џафери и Сашо Мијалков

МЏ: Таа Виолета, не знам како се вика таму чека на вас. На Управен, така рекла.
СМ: Мхм, Виолета. Која е таа Виолета? Како се вика?
МЏ: Па, потпретседател е на Управен суд. Ми се чини Виолета, не знам како понатаму. И рекла, ај нека ми спомнат, таа преседава со предметот Долнени. Тоа, жалба, како се вика.
СМ: Да. Ок, ајде тогаш јас кога ќе се сретнам со овие сега во 3 саат, и ќе те барам.
МЏ: Јас ќе бидам, ќе го сретнам еден пријател за случајот, тука во градот.

Разговор помеѓу Мендух Тачи и Сашо Мијалков

СМ: Мендух, што правиш?
МТ: Еј, здарво.
СМ: Добар си ми?
МТ: Не те барав бе за ништо, не се плаши.
СМ: Нееее, ти можеш да ме бараш за што сакаш мене.
МТ: Само да ти кажам тука сум, ако треба нешто, кажи.
СМ: А?
МТ: Тука сум, ако треба нешто, кажи, за сé, до смрт.
СМ: Добро бе, важи.

Разговор помеѓу Мендух Тачи и Сашо Мијалков

СМ: Мендух…
MТ:Кажи
СМ:Шо праиш?
МТ: Еве тука седам со луѓе
СМ:Имам една хитна ургенција за тебе.
МТ: Да
СМ: Може ли да гласате за нас сега за Струмица? Да не…
МТ: У Комисија?
СМ: Да у ДИК.
МТ: Да може еве да се јавам одма
СМ: Ама треба тоа сега одма да се почне сеа за 5 минути ние одложуваме малце…
МТ:Одма одма…Одма, одма се јавувам за минута и ти кажувам.
СМ: Ајде ајде.

Разговор помеѓу Мендух Тачи и Бедредин Ибраими

МТ: Сега Струмица ви е на ред, така?
БИ: разговораме за тоа.
МТ: Ќе гласаш за овие…да се поништат?
БИ: …. за две минути…
МТ: Да гласаш да се поништат бидејќи се договоривме за Чаир.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Сашо Мијалков

МЈ: Еј, Саше
СМ: Што правиш? Денес како иде?
МЈ: Ај да се вратам во канцеларија, оти сум по Месни комитети. Повеќе од пола ги поминав, за 10 минути ќе те барам, да видам излезеност како е.
СМ: Добро. Ти кај си? Штаб имаш ли или у канцеларија си?
МЈ: Во Министерство. Во Министерство е ценралниот штаб, во Министерство е. Сеа сум по Месни комитети.
СМ: Ај ќе поминам може после.
МЈ: Ајде.
СМ: Ајде.

Разговор помеѓу Влатко Мијалков и Миле Јанакиески

МЈ: Ало?
ВМ: Миле?
МЈ: М?
ВМ: Слушни ме сега за една идеја. Тоа е фактички старо-нова идеја која што беше многу успешна. Ние сега околку ова за нововработените, така?
МЈ: Добро.
ВМ: Одиме по месен комитет, кој, што, како да се јавуваме и така натаму. Миле, слушај го сега концептот. Јас сум у Царинска управа, сега дојдов и почнав да го работам тоа. Јас дадов наредба да ми издвојат од 1.200 вработени кои живеат во општина Центар. Веднаш ми извадоа 72, од кои што дадов веднаш да ми штиклираат кој е за ЕС-ДЕ-ЕС, кој е за ВМРО, јас си ги знам.
Кога јас тоа ќе го добијам за 15 минути, јас одма се јавувам на нивните раководители, кои што се претежно наши, или не слушаат, ти имаш 5, ти 2, ти 10. И, им кажувам, викни си ги луѓето, и до утре, не знам до кога да дадат по 20 луѓе. Да работиме инситиуционално. Значи, секоја интситуција има софтвер во кој што ради М3 обрасци, ради социјално, ради пензионо мора да биде расчленето кој-каде живее.
МЈ: Од кога го направивме тоа во поголемите институции што се, на пример јас сега и во МЕПСО, во ЕЛЕМ, ТЕЛЕКОМ, тие големите ги направив тоа, сега ни треба ептен по микро. Го направив тоа.
ВМ: Тоа го имаме на големо? Ама го немаме бе направено.
МЈ: Вчера и денеска треба да ми го пуштат сите.
ВМ: Ама тоа го нема у Царина, на пример.
МЈ: Не во Царина не, ама во овие 3-4 го направив.
ВМ: Јас се јавив во Царина сега, и во УЈП. А можеме тоа да го правиме…
МЈ: Ја мислев тоа да го правиме од понеделник, да видиме…
ВМ: Ама фактички тоа опфаќа поголем базен што вика Мартин со тој израз, на луѓе отколку ова по микро. Одма го решаваме проблемот и си го решаваат раководителите. Јас со еден човек имам работа, немам со 100 луѓе, јас одма ги добивам материјалите и така правиме мрежа.
МЈ: Сега од АВРМ ми препратија список каде има повеќе наши вработени, ќе го земиме и така ќе го работиме. Океј?
ВМ: Од каде, од…?
МЈ: Од Агенција за вработување.
ВМ: Да де да, од Агенција. Од секаде бе, од секаде. Јас сега…
МЈ: Мене Агенција за вработување да ми даде индикативен податок колку се вработени-каде-колку.
ВМ: Јас чак што више сеа сакам да му се јавам и на Кире, пошто гледам таму дека треба да му се јавам на некој од Влада. Кире да си извади така список, и Кире на сите да им каже, дајте по 20. Така е најбоље. Место ја да му се јавувам на некој од Влада што не ме знае, Кире ќе му каже бе.
МЈ: Океј. Јави му се на Кире, океј.
ВМ: Ме разбираш ли?
МЈ: Да, да че тераме.
ВМ: Многу појак, многу појак и пообемен интензитет имаме така.
МЈ: Добро, добро. Ајде чао.
ВМ: Ајде чао.

Разговор помеѓу Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски

МЈ: Една консултација.
МЈ: Имам извадено по факултетиве кои се вработени а живеат во општински комитет Центар, во општина Центар
СР: Добро
МЈ: Не знам, педагошки факултет, правен факултет ваков факултет, некој од кај тебе да си ги викне еден по еден?
СР: Колку луѓе се?
МЈ: Па не се многу 50-60 луѓе се…
СР: Колку?
МЈ: 50-60
СР: Добро ај прати ми ги пошо денеска ја сум у… сега сум У Охрид утре сум у Битола цел ден..
МЈ: Не бе брат некој од кај тебе од кабинет да ги викне
СР: Добро на Наташа Јаневска сеа ќе даам
МЈ: Добро ајде
СР: A како ќе ми ги пратиш тие?
МЈ: На Наташа ќе и ги дам шо има тебе да те…
СР: Добро ајде.

Разговор меѓу Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска

ГЈ: Ало?
ЗС: Горде?
ГЈ: Кажи.
ЗС: Ти пуштив еден смс сега, со три имиња, на вработени во МВР кои што, од сите вработени што ги имаме од Ѓорче Петров, сите се оѕваа на барањето по пет души да предложат за список. Овие едниве дадоа тројца, едниов ич не даде никого.
ГЈ: Добро.
ЗС: Би те замолил да задолжиш некого да им се јави и да им каже дека тие се вработени у МВР преку ВМРО-ДПМНЕ.
ГЈ: А има контакт од некој? Од нив имате контакт?
ЗС: Па сега немам ама може да најдам, име и презиме имам тоа да ти пуштам.

Разговор помеѓу Цветко Грозданов и Миле Јанакиевски

ЦГ: Министер, не можиме цел ден да се слушниме. Ти ме бараш, јас те барам, ти ме бараш, никако да се чуиме.
МЈ: Цветко.
ЦГ: Повели.
МЈ: Не знам дали ти кажав, дај вработениве што живеат во Центар да ти дадат х3 неопределени.
ЦГ: Како!? Не те разбрав.
МЈ: Вработениве што ти се во ПУИК…
ЦГ: Да.
МЈ: Што живеат во Центар…
ЦГ: Да.
МЈ: Тие, и да ти дадат х3х5 на список. И да определиш двајца-тројца координатори што ќе ги терат на гласање.
ЦГ: Никој не ми рекол до сега, прв пат слушам.
МЈ: Е па еве ти кажувам, за утре да го средиш.
ЦГ: Ајде, утре ќе го средам…
МЈ: Викни ги сите вработени и еден по еден да ти даваат најблиската фамилија дека ќе излезе да гласа.
ЦГ: Добро, во ред.
МЈ: И двајца координатори, тројца што ќе им се јавуваш и ќе ги терат на гласање.
ЦГ: Добро, ќе ти дадам утре. Ајде.

Разговор меѓу Миле Јанакиески со соговорник (Алберт)

НН: Молим те. Молим. Ало?
МЈ: Да
НН: Ало министер?
МЈ: Да
НН: Многу ти се извинувам, тука Алберт е на телефон. Тука држам состанок и на соработниците малце им зборам. Значи, им реков, како што кажавте денеска, до девет саат, да си излезат со фамилиите и да си го изгласаат тоа што треба. Да се вратат назад во Месниот комитет и да се потпишат.
МЈ: Да.
НН: На работа нема да отидат.
МЈ: Ептен нешто сега ако се извалка ќе, свикај екипи. Ќе искоординираме ќе те барам. Нека не одат, ако треба на повик ќе ги бараме. Ај.
НН: Така. Така им реков и јас, и им реков дека ќе ги наградите како министер три дена рековте. Ако не излезат до девет 72 часа ќе работат.
МЈ: Ете така. Ајде
НН: Им го кажав министер.
МЈ: Ајде чао.
НН: Чао

Разговор меѓу Миле Јанакиески со соговорник

МЈ: Ало
НН: Е, прекинува, кажи?
МЈ: Шо е работава со Жана бе?
НН: Со кого?
МЈ: Со Жана.
НН: Не знам. Што е работата? Што е работата со Жана бе?
МЈ: Сите дале луѓе за поддршка таа не.
НН: Не знам. Прв пат слушам за ова.
МЈ: Ќе ја избркам од работа.
НН: Па она је бре у Центар.
МЈ: Је у Центар, требаше да даде луѓе што ќе гласаат за ВМРО, цело министерство даде, таа не даде. Викни ја утре, што е? Јас да не ја викнам.
НН: Ај ќе ја викнам, јас денеска ја пуштив, она е у тој изборни, тој, како се вика.
МЈ: Види што е работата.
НН: Ај ќе видам.

Разговор помеѓу Миле Јанакиевски и соговорник

МЈ: Ако најдиме еден вработен и еден член што немаат доставено, во понеделник добиваш отказ. Кажи му ова ти е поздрав од министерот. Еден да најдиме член…
С: А вработен…
МЈ: Член или вработен што нема дадено список, а ти не си го пријавил. Кажи и го тоа и на Елена. Речи ти да контролираш, ова од министерот е..
С: Добро.
МЈ: И двајцата че летат од работа.
С: Добро.
МЈ: Е така. Кажи му така, оти гарант ќе има еден. Оти ги мрзи да работат сега, најлесно им е да кажат дека има.

Разговор помеѓу Сашо Мијалков и соговорник

СМ: Знаеш ли бе што ми кажа денес чистачкава што чисти кај мене дома?
С: А?
СМ: А бе вика имам една пријателка вика, треба даа има вечер кај тебе треба да дошле. Каде бе викам кај мене? Па вика у транспорт и врски. Ааа, и што? А бе, плачи вика. Што? Па страв и е леле вика за што ме вика мене Мијалков? Хаха
С: Хаха
СМ: Плаче вика, хахаха, плачела…А викам да, треба да дојде викам. Не ја знам ја, ми ја кажаа по име, разбираш. Плаче вика уплашена. Вика што е работата, зошто ја викаш? Па викам за да си ја заврши една обврска, затоа ја викам.
С: Ај сега ќе ти пишам. Чао.
СМ: Ајде.

Разговор помеѓу Миле Јанакиевски и соговорник (директорка на Дом)

ДД: Еее вака сега министре, прашав еднаш во домот јас нели блиску и живеам . Имаме значи две деца што имаат лична карта на Скопје тие ќе гласаат тука во домот ,тоа се Колев Виктор и Елизабета, другите имаме уште 6 дечиња што се полнолетни меѓутоа и они сакаат ако им се плати патот би оделе да гласаат за Груевски буквално така викаат
МЈ: Оти патот ако им се плати?
ДД: Има едно дете во Виница…три во Куманово, едно во Гостивар и едно во Охрид
МЈ: Вака вака кажи му ќе му платиме нека си дојдат со сметките со сметко потврда ќе му рефундираме пари лично
ДД: Не јас и од домот ќе им платам само да знаете ви реферирам дека 6 деца ќе ги пуштиме нека одат да гласаат на место на живеење кај шо имаат лични карти…
МЈ: Ти ми одговараш за 8 гласачи ајде
ДД: А за овие двете ќе гласаат тука да..

Разговор помеѓу Елизабета Канчевска Милевска и Миле Јанакиевски

ЕКМ: Кажи Миле!
МЈ: Бети?
ЕКМ: М?
МЈ: Крушево сум.
ЕКМ: М?
МЈ: Овие од Тоше семејствово против нас се. Што праиме? Да му ја избркаме таа од работа ако не и да не му даваме повеќе 3.000 евра, да го затвориме музејо?
ЕКМ: А бе види, сега пред некој ден кога беше Премиерот ми се јави. Се видел, вика се видов на митингот таму со тој Славе, и вика ми збореше, му кажав викам, баш и ти како што кажа. Татам се договоривме викам да отиде да направи, после тоа ми се јави Славе и ми кажа дека татко му на Тоше не сакал таму со гробот. И тоа ако тоа се прави да се прави цело. И после Премиерот вика: ако не да земеме да го правиме целото. И после ми вика како ќе биде, карши него е нели гробот на овој Питу Гули, ние овде цело царство, ваму-таму, и после вика ај уште еднаш да подразмислиме и така остана работава.
МЈ: Не бе Бети, не може толку работи…
ЕКМ: Они не условуваат…
МЈ: Толку работи се направени за Крушево,
ЕКМ: Да.
МЈ: Тие се големо семејство плус таму одбојкарски тим, плус фондацијата, плус она. А тие против нас.
ЕКМ: А секој месец им даваме по 3.000 евра. Секој месец.
МЈ: Што сакат повеќе?
ЕКМ: 3.000 евра секој месец и цела спомен куќа 5.000.000.оо евра.

Поврзани новости