39-годишниот Младен Булатовиќ од Подгорица, кој активира бомба денеска на влезот во подгоричкиот Основен суд, при што се самоуби, а со тоа повреди и три лица, бил неколкукратно осудуван за кривични и прекршочни дела. Српските медиуми пишуваат дека Булатовиќ и бил добро познат на полицијата.
Во 2018 година бил приведен поради обид да прошверцува 1,1 килограм кокаин и 292 грама херои на граничниот премин Добраково. Освен тоа, Булатовиќ е осудуван за напад на полициски службеник, фалсификување, неовластено производство и продажба на опојни дроги.
Се уште не се познати мотивите за неговиот напад.
Експлозијата се случи утринава во 11.40 часот во Основниот суд во Подгорица, во холот на судот на приземје, каде се наоѓаат шалтери и каде имало присуство на голем број луѓе.