Надлежните органи не успеаја да го „зауздаа“ Ел Чека, кој и понатаму продолжува да објавува „бомби“, односно нелегално прислушувани разговори, на социјалната мрежа фејсбук.
Профилот на Ел Чека беше блокиран извесен период, но веќе неколку дена тој повторно е активен.
Последната бомба што е објавена е разговор на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и поранешната пратеничка Ермира Мехмети.
Еден час порано, „бомбашот“ објави и разговор на кој наводно се слушаат гласовите на Фекри Ахмети, братот на Али Ахмети и Муса Џафери, поранешен функционер од ДУИ.
Објавувачот на прислушкуваните разговори, пред неколку дена преку својот профил на Фејсбук, ги повикаа лидерите на албанските опозициски партии Зијадин Села и Билал Касами да се приклучат на повиканиот протест кој треба да се организира на 26 јули пред Владата во Скопје.
-Јас како организациски совет на протестите заедно со сите совети кои ние ги формиравме во цела Северна Македонија ги повикуваме Зијадин Села и Билал Касами (Алијансата и Беса) дека на 26.07.2019 во 14:00, петок ќе одржиме протести во Скопје пред Владата и пред Парламентот.
На секој протест кој ќе го организираме да бидат присутни заедно со нивните членови, и да не молчат. Молчењето е криминал и на секој протест што ќе го оржиме да бидат присутни заедно со нивните членови. Протестите се национални. Редот е на партиите да го поддржат народот. Оние кои не го поддржуваат не се со народот. Секој протест надвор од овој е национална поделба, напиша Ел Чека.