Бомбашкиот напад на прорускиот шеф на полицијата е монтиран, смета САД

by Фокус

Шефот на полицијата на проруската самопрогласена Народна Република Доњецк за руската новинска агенција Интерфакс изјавил дека неговиот џип експлодирал.

Но, украинските и американските власти тврдат дека експлозијата била наместена за дополнително да се подигнат тензиите во регионот.

Засега е невозможно да се утврди што ја предизвикало штетата на автомобилот и пожарот што избил покрај возилото.

-Сметаме дека ова е наместен настан и провокација – изјавил за Си-Ен-Ен Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина.

Портпаролот на Стејт департментот, пак, ја нарече експлозијата монтиран настан, додавајќи дека инцидентите како што се бомбашкиот напад со автомобил и повиците на проруските сепаратистички лидери за евакуација на цивилите поради наводна украинска агресија се обид да се сврти вниманието од фактот дека Русија е агресорот во овој конфликт.

Поврзани новости