528
Шпанскиот гигант Реал Мадрид е подготвен да тргне по услугите на македонскиот вундеркинд од редовите на Фенербахче, Елиф Елмас, пренесува спортскиот портал „ЕКИПА“.
Според информациите, скаутите на „кралевите“ веќе подолго време ги следат настапите на Елмас во дресот на турскиот клуб, а подготвени се да понудат 5 милиони евра за негов трансфер, а и 15 милиони евра по првиот настап на Елмас во тимот од Мадрид. Трансферот би се реализирал идното лето.
Елиф Елмас е еден од најталентираните фудбалери во Европа, а и пред да премине во Фенербахче, тој го привлече вниманието на неколку европски екипи.