Бомба кашикара ставена покрај возило на сопственик на два ноќни клуба

by fokus

Бомбата која утрово ги евакуираше средношколиците од средното уметничко училиште била ставена покрај возилото кое е сопственост на газда на два ноќни клуба во Скопје.

Според неофицијални информации на Фокус, „бомбата“ била кашикара и била ставена под автомобил марка „порше“, кој бил во негова сопственост.

Според нашите сознанија, тој важи за близок до поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ, кој неодамна ја напушти политика и почна да се занимава со угостителство.

На истиот паркинг било паркирано и возилото на поранешниот директор на спортскиот центар Борис Трајковски, Ратко Капушевски, кој потоа беше управител во фирми на рускиот бизнисен Сергеј Самсоненко.

Неодамна, Самсосненко во интервју за Фокус го обвини Капушевски дека работел нелегално со цел да го оштети него како сопственик.

Капушевски, пак, тврди дека бил цел на закани.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости