88
Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро проневерил накит вреден 1,2 милиони долари за време на неговиот мандат, се вели во извештајот од истрагата на бразилската федерална полиција објавен денеска од Врховниот суд.
Болсонаро минатата недела беше обвинет за проневера, перење пари и криминален заговор во врска со луксузен накит од Саудиска Арабија, пренесува АП.
Истрагата е дополнителен притисок врз лидерот на екстремната десница, кој беше претседател од 2019 до 2022 година, кога загуби на изборите од Луис Ињасио Лула да Силва.