Болницата 8-ми Септември доби донација мобилен ендоскоп со кој може да се земаат и брисеви

by fokus

Нашата фирма БИНЕТ Медикал ДОО, Скопје е овластен застапник и сервисер на производителот на професионална ендоскопска опрема AOHUA од Република Кина. Денеска ја имавме честа да ја презентираме и предадеме донацијата на медицинска опрема наменета за Градската општа болница 8-ми Септември Скопје, еден од најголемите и  најважните КОВИД-19 центри во нашата земја.

Особено сме горди што после повеќемесечни преговори успеавме да ја обезбедиме и донесеме оваа донација кај нас, особено поради фактот што досега ваква донација имаат добиено само КОВИД-19 центрите во Италија и Германија.

Се работи за All in One мобилен флексибилен ендоскоп – Airway видео ларингоскоп со ЛЕД извор на светло, вграден монитор и работен канал кој успеавме да го обезбедиме заедно со производителот на едноскопска опрема на  глобално ниво:фирмата AOHUA. Всушност, овој ларингоскоп заменува еден цел ендоскопски столб, а може да се користи и само со една рака. Наменет е пред се за дијагностички цели, но и за земење брисеви и правење биопсии.

Се надеваме дека оваа наша донација ќе им помогне на докторите и медицинските лица во Градската општа болница во справување со вирусот Ковид-19.

Ова е наш мал придонес со кој даваме наша целосна поддршка во борбата која ја води Министерството за здравство на Република Северна Македонија против оваа опасна болест. Искрено се надеваме дека на овој  начин ќе ја поттикнеме јавната свест дека сите треба да се вклучиме и да помогнеме во борбата против
заедничкиот непријател – корона вирусот.

Поврзани новости