Од градската болница „8-ми Септември“ потврдија дека Бојан Јовановски -Боки 13 од вчера e задржан на интензивна нега и дека се вршат контролни прегледи.
Боки 13 ноќта ја поминал под лекарски надзор откако претходно докторот во притворот побарал од судот тој да биде пренесен во болница, потврди за „Фокус“ претходно директорот за истражниот затвор Скопје, Есад Рахиќ.
Пред околу две недели неговиот адвокат Дуковски на прес конференција тврдеше дека Јовановски има сериозни здравствени проблеми и дека никој не сака да издаде решение за негова хоспитализација, но дел од медицинските установи ги демантираа наводите на бранителот . Дуковски посочи дека Боки 13 има нефункционален бубрег и проблеми со желудникот.
Првото рочиштето за случајот “Рекет” е закажано за 3-ти декември.