Болни од леукемија повеќе од еден месец се без терапија – министерот уверува проблемот ќе се реши за неколку недели

by Fokus

Пациентите кои примаат терапија за леукемија се жалат дека повеќе од еден месец не ја примиле терапијата поради доцнење на набавката на лековите од страна на надлежните.

-Сега моментално околу месец и половина немам лекови никакви не пијам на контрола не сум бил, не ни сакам да одам. Во тек е вика имаше тендер распишано преку клиника, рекоа дека е пуштен и со министерот за здравство бевме во контакт со Пепко Леви и му кажа дека за две-три недели ќе ги набават лековите и ќе биде се океј, па сега ќе видиме дали ќе биде така или не, вели пациент.

Министерот за здравство, Беким Сали вели дека министерството прави напори за обезбедување на неопходната терапија.

-Поради тоа што се работи за скапи лекови, буџет и количина се планираат годишно на годишно ниво базирајќи се на претходните две или три години. Имаме период кога се јавуваат нови пациенти ги вметнуваме во третманот меѓутоа количините се трошат предвремено. Истото прашање ми се поставува неколку пати зошто процедурата за јавна набавка трае толку долго, дали би можело да се скрати. Јас посакувам да е така, меѓутоа не е само во ингеренции на Министерството за здравство процедурата за колку време би можело да се набави нов лек односно недостигот на лекови во одредени институции, додава Беким Сали.

 

Поврзани новости