По речиси 12 испливани километри и речиси пет часа поминати во ладните води на Охридското езеро, малиот херој Марко Пејчиновски беше приморан да го прекине соло-маратонот поради болки во ногата.
„Желбата и волјата се крилја за големи дела.“
Нашиот Марко имаше силна желба и цврста волја да плива делница која е вистински предизвик за професионалните маратонци, а не за еден тринаесетгошник. Сепак, поради силни болки во ногата беше приморан да го прекине соло маратонот во должина од 64 километри кој го посвети на лицата со ретки болести. Марко изминаа 4 часа и 49 минути во водите на Охридското Езеро и мина 11 километри и 840 метри.
Утре сите заедно да ја дадеме нашата поддршка, да придонесеме за подигнување на свеста за ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ и да бидеме НИЕ тие што ќе ја направат разликата!, соопштија од тимот на Марко.
Сепак, тој успеа да ја испрати неговата порака: „Care for rare“, односно да се крене свеста за лицата со ретки болести. Марко е херој на времето кое го живееме!