Болдвин не знаејќи пукал со вистински куршуми

by Fokus

Глумецот Алек Болдвин бил испрашан од истражителите откако ја уби директорката на фотографија и го рани режисерот на снимање филм. Инцидентот се случил за време на проба, објави Дедлајн, додавајќи дека „главниот член на актерската екипа пукна со пиштол несвесен дека во него има вистински куршуми.

Портпаролот на продукцијата за Дедлајн рекол дека инцидентот се состои од „грешка во пукање со реквизит-пиштол со ќор-фишеци“, инсистирајќи дека „безбедноста“ на актерската екипа е „главен приоритет“. Снимањето е прекинато, а филмскиот град е ставен во блокада поради инцидентот.

-Канцеларијата на шерифот потврдува дека две лица биле застрелани за време на снимањето на филмот „Раст“. Директорката на фотографијата Халина Хачинс (42) и режисерот Џоел Соуза (48) беа застрелани кога продуцентот и актер Алек Болдвин (68) испука куршум од реквизит, се вели во полициското соопштение.

 

Поврзани новости