„Боксот у фаца“ на Јанушев бил наменет за Рангелова

by Фокус

Поранешната претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и се уште актуелна пратеничка Даниела Рангелова во гостување на ТВ 24 изјави дека „боксот у фаца“ за кој говори вмровскиот генерален секретар Игор Јанушев во една од предизборно објавените бомби се однесувал за неа. Како што појасни таа, разговорот на Јанушев со Миле Јанакиески се однесува на локалните избори во 2013 година, кога Рангелова биле член на избирачки одбор во Центар. И во друг разговор Јанушев говори за Даниела (Рангелова) во негативен контекст.

-Со Јанушев имав исклучително лоша соработка додека бев претседателка на Унија на жени. Соработував со Емил Димитриев и со други генерални секретари, но вакво лошо искуство како со Јанушев не сум имала, бидејќи, не сакам да навредам никого, но Јанушев имаше непочитување кон Унијата на жени. Откако јас се повлеков, жените членки беа поттргнати на страна, се изгубија ингеренциите на жените. Се се правеше жените да имаат помалку права во партијата и тоа може да се види по резултатите од овие избори, каде ВМРО-ДПМНЕ сега има помалку пратенички отколку во претходниот состав – вели Рангелова.

 

Поврзани новости