Популарниот шоумен и активист за човекови права, Бојан Јовановски, познат како Боки 13, не престанува да ја изненадува и истовремено воодушевува јавноста.
Денес, во очи утрешната свечена седница и превземање на функцијата претседател на Меѓународниот сојуз за цивилно општество, тој информира дека се откажува од својата плата за сите четири години мандат, како што му следува според правилникот на МСЦО.
,,Месечниот надоместок ќе го донирам на семејства и граѓани секој месец, таму каде што е најпотребно! Со многу љубов и посветеност ќе ја работам мојата работа и достоинствено ќе го претставувам МСЦО” – порача Јовановски.
Свечената седница ќе се одржи утре, во 18 часот во Музејот на современа уметност Скопје, каде почесните членови на сојузот ќе го именуваат Боки за претседател.
Вики Клинчарова