Бојан Јовановски-Боки 13 посочи дека Зоран Милевски-Кичеец го пријавил поради статусот во кој вели дека лица блиски до него пробуваат да го замолчат. Посочи дека Кичеец е дел од неговите кривични пријави за сторени кривични дела за кои тој има докази па додаде:
„Тоа ќе биде предмет на постапка, а ова го чувствувам како директен притисок бидејќи се случи вчера кога скоро цела држава знаеше дека имам јавен настап, најавено интервју. Пријавителот, Кичеец, беше еден од лицата за кои зборував“, пренесува Скопје1.
Од авион се гледа дека е тенденција во прашање, притисок во прашање. Знаете како човек кој цел живот се заканувал и се занимавал со таков тип на работа, овде единствено што ми се поклопува е да ја кажам онаа народната: кога крадецот вели држете го крадецот. Така што, заканувачот и насилникот пријавува некакво насилство. Беспредметно е и трошење време за полициските службеници кои мора да ја запазат формата“, додаде Јовановски.