905
Бојан Јовановски во понеделник ќе биде спроведен од истражниот затвор „Скопје“ до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде што треба да даде исказ за случајот „Рекет“.
Јовановски е првоосомничен во случајот „Рекет“, а третоосомничената Катица Јанева е предвидено во вторник да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска.
Второосомничениот Зоран Милевски Кичеец даваше исказ, а како што дознава „Фокус“ се бранел со молчење пред обвинителката Русковска.
В.В.