Бојан Јовановски во текот на утрешниот ден од истражниот затвор „Скопје“ ќе биде спроведен во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде што треба да даде исказ за случајот „Рекет“.
На Јовановски и неговиот бранител утре им истекува и рокот за доставување на свои докази и предложување на сведоци. Сепак адвокатот Сашо Дуковски неодамна истакна дека тие нема да предложуваат ниту докази, ниту сведоци.
До четврток, исказ пред обвинителката Вилма Русковска треба да даде и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која исто така има право да предложи свои докази и сведоци.
Наскоро се очекува и обвинителката Русковска да го подготви обвинението за случајот „Рекет“.