Боки 13 утре на судење ќе биде донесен од притвор

by fokus

Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски на утрешното судење ќе биде донесен со полиција од затворот во Шутка.

Од Апелацискиот суд брифираат дека денеска не се одржала седница по жалбата на одбраната на Јовановски, кои побараа Јовановски да биде пренесен од Шутка во домашен притвор. Тоа значи дека утре Боки 13, барем до почетокот на утрешното судење, ќе остане во Шутка каде вчера беше вратен од болницата „8-ми Септември“, каде беше хоспитализиран минатата недела.

Утре во 10 часот стартува судењето за еден од најголемите коруптивни случаи „Рекет’, во кој освен Јовановски обвинета е и поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец. За следење на судењето има огормен интерес во јавноста, а се пријавиле и новинари од странство.

Ф.Ф.С.

 

Поврзани новости