Правниот тим на Бојан Јовановски-Боки 13 побарал термини за поднесување кривични пријави и отпочнување на кривично-правната операција која ја нарекоа „Бумеранг“.
-Гласно укажуваме до центрите на моќ кои веројатно се директно засегнати од овој процес да не вршат притисоци, да не упатуваат директни и индиректни закани и да престанат со незаконски дејствија на уценувања и заплашувања со цел да го спречат и попречат започнатиот процес “Бумеранг”, секако дека ваквите погоре опишани дејствија од центрите на моќ беа очекувани за нас, но недвојбено истакнуваме дека ништо од сето тоа нема да ја спречи реализацијата на кривично-правната операција “Бумеранг” и дека во одреден момент доколку продолжи трендот на притисоци, закани, уцени, засегнатите страни ќе добијат соодветен одговор за нивните незаконити дејствија кои интензивно и задкулисно се случуваат изминатите денови од кога е јавно објавено започнувањето на процесот, посочува адвокатскиот тим на Јовановски-Боки 13.
Тие се обратија и на меѓународниот фактор да го следат со внимание овој процес.