Сите 44 деца кои престојуваат во 11 Октомври, дом за деца без родители во Скопје, вчера попладне добија топла зимска облека и обувки од претседателот на Меѓународниот сојуз и поранешен шоумен, Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13. Тој лично им ги однесе подароците на децата и се дружеше со нив, а јавноста ја повикува на хуманост, и секој според своите можности да донира.
,,За секое детенце има топла зимска јакна, џемпер, дуксер, чизми, топла облека… Ова е мој Новогодишен подарок за нив, а се надевам дека овој чин ќе ја мотивира јавноста да го следи мојот пример. Овој гест секој може да го протолкува како сака, но јас го правам од се срце, и им препорачувам на сите да живеат со љубов во срцата и хуманост во постапките. Не ми замерувајте мене, туку поклонете некому нешто, понекогаш е доволно да се подари внимание и љубов’’ – порачува Боки 13.