Боки 13 со ново писмо: „Рекет“ не е завршен, тек сега почнува!

by fokus

Бојан Јовановски- Боки 13 денеска испрати ново отворено писмо адресирано до Зоран Заев, Љубомир Јовевски, Вилма Русковска, Љупчо Николовски и до Оливер Спасовски. Со писмото Јовановски објави и скрин шотови од разговори кој тој ги има во неговиот телефон. Порача дека случајот „Рекет“ не е завршен, туку дека сега почнува.

-Го прашувам Љупчо Николовски екс и актуелен министер за земјоделие да одговори:  Љупчо, колку во вашиот прв министерски мандат имате трансформирано државно земјоделско земјиште во државно градежно земјиште, колку законски процедури имате прекршено кои морале да бидат спроведени, за чии потреби и интереси и за колкави пари ја имате разработено оваа криминална шема заедно со Заев, брат му Вице и уште неколку пајташи на кланот Заеви и на крајот колку пари искеширавте сите заедно од погореопишаното???, пишува меѓудругото Јовановски.

Јовановски му се обраќа и на Зоран Заев и го потсетува дека лично тој го споил со сега покојниот Жарко Луковски.

-наведов дека изработивте милионски проекти и дека наплативте милионски провизии во име на коруптивни награди за вас и вашиот Рашковски кои вие лично му го делегиравте на Луковски!!! Ќе се види дека и други ваши соработници го барале Луковски, но вие му велите најдобро со Рашковски!!!, вели Јовановски.

Тој бара од обвинителката Вилма Русковска да одговори:

„1. Не дали, туку зошто не преземавте никакво службено дејствие, истражна постапка, против Николовски, Заев, Вице Заев и други лица?!?!? (Вилмич ги знаеш ти и сите други многу добро, доволно глумеше правдољубивост).

2. Госпоѓо Русковска, дали ќе може да одговорите зошто имате дадено налог да бидат бришени податоци од мојот телефон со ваква слична содржина?!?

3. Госпоѓо Русковска, одговорете јасно и гласно зошто сте ги копирале податоците од мојот телефон на USB пред да бидат избришани за официјалната законска употреба и противзаконски сте ги земале кај себе за ваши потреби?!?!

4. Госпоѓо обвинителке Русковска, кого сѐ уценувавте со податоците од мојот телефон и што се испазаривте со Заев?!?!? Што добивте вие обвинителска амебо со тоа што криминалците ги амнестиравте од прогон, а мене ме осудивте и извршивте незапаметена тортура врз мене?!?!? (за која тортура ви тврдам дека ќе одговарате, кога тогаш!!!!!)

5. Обвинителке Русковска во врска со Камчев и случајот „Рекет“ ќе мора да одговорите зошто не го побаравте телефонот на Зоран Заев да го вештачите кој патем тој го промени веднаш после моето апсење?!?! Срам ве било, вие сте најдевијантата појава која е синоним за брука и професионален одрон во историјата на јавно обвинителскиот систем во Република Македонија!!!!“

 

 

 

Поврзани новости