Боки 13 се пожали дека физички бил нападнат од затворската полиција, директорот Рахиќ вели дека не дозволувал да му се стават лисици

by fokus

Бојан Јовановски на самото влегување во судница за денешното рочиште за “Рекет” на новинарите им се пожали дека доцнел, бидејќи физички бил нападнат од затворската полиција.

Директорот на затворот Есад Рахиќ за “Фокус” вели дека е информиран дека немало физички напад, туку Јовановски не дозволувал да му се стават лисици.

-Информиран сум дека утринава, при обидот да биде спроведен во затворот во Кривичниот суд, Јовановски бил нервозен и давал отпор, односно не дозволувал да му се стават лисици, изјави директорот Рахиќ за “Фокус”, додавајќи дека ова се првичните информации кои ги добил, а дополнително ќе провереле што точно се случило.

Тој сепак додаде дека не верува дека некој физички го нападнал притвореникот, бидејќи изминативе седум месеци никогаш немало отстапување од процедурата.

В.В.

Поврзани новости