Бојан Јовановски денеска повторно од истражниот затвор „Скопје“ беше однесен во болница, бидејќи се пожалил на болки. Директорот на затворот Есад Рахиќ потврди за „Фокус“ дека Јовановски бил однесен во болница, а потоа и вратен во затворот.
Адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски, неколку пати алармираше за влошената здравствена ситуација на неговиот клиент и бараше да биде хоспитализиран.
-Да не излезе дека плачеме и молиме од некои други причини, сакам да запознаам со медицинската документација на осомничениот. Секој втор ден се носи на Клиниката за торакална хирургија. Има две неуспешни операции кои му предизвикуваат сериозни проблеми. Специјалистот предлага дека е неопходна хоспитализација. Нема желудник. Храната му се враќа и секој ден повраќа. Може да се случи смртна последица. Поевтино е да биде на клиника, отколку секој ден да се носи од притвор, истакна Дуковски неодамна пред Апелација.
Јовановски заедно со Зоран Милевски Кичеец и Катица Јанева се осомничени во случајот „Рекет“.
В.В.