Првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски – Боки 13, и неговите бранители на денешната јавна седница побараа Апелацискиот суд да ја укине првостепената пресуда со која тој во случајот е осуден на деветгодишна затворска казна.
Тој побара фер судење во кое ќе може да ја докаже својата невиност, но доколку така одлучи Апелација ќе биде задоволен и со мериторна ослободителна пресуда на второстепениот суд.
Тој и неговите адвокати во своите излагања пред Судот посочија на повеќе повредени права во текот на првостепената постапка и неправилно толкување докази.
Меѓу забелешките беше и таа дека една од судијките во предметот не била изземена и покрај тоа што сама барала, затоа што имала оформено мислење за Боки 13 од предметот „Рекет“, каде што, исто така, била дел од судечкиот совет.