Боки 13: По наредба на Џолев е фалсификувано решението со кое не ми се дозволува прекин на издржувањето на казната

by fokus

Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, преку соопштение до јавноста обвинува дека врз него се врши тортура од Кривичниот суд.

-Ја информирам јавноста дека врз мене се врши незапаметена тортура од страна на Основниот кривичен суд Скопје, каде имав истакното барање за прекин на издржување на казна затвор поради влошена здравствена состојаба од животно загрозувачки карактер. Наместо законита одлука темелена на докази добив судско решение за кое изразувам основано сомневање дека е фалсификувано и антидатирано под директна наредба од страна на претседателот на Основниот кривичен суд Иван Џолев, обвинува Јовановски.

Тој дава појаснување за своите сомнежи дека решението е фалсификувано.

-Судското решение кое е со датум од 31.01.2023 не е потпишано од страна на починатиот судија Огнен Ставрев, дотолку повеќе што видно од решението се гледа потпис со апостроф кој не коинцидира со потписот на покојниот судија, а оттука се наметнува и прашањето заради кои причини судијата кој бил на работа до 03.02.2023 година пред да почине на 04.02.2023 година не го потпишал решението кое го донел и заради кои причини веднаш не го верифицирал истото во акмис системот согласно закон и судкиот деловник за работа, а важно за напомена е дека покојниот судија се до 03.02.2023 година беше во активна и секојдневна комуникација со мојот бранител мр.Владимир Туфегџиќ сето во врска со постапката и истиот примаше дополненија на барањето и нови докази се до 03.02.2023 за кој поседуме докази со приемен печат од судот, ова е надвор од здрава логика!, вели Јовановски.

Јовановски до јавноста ја испрати и Жалбата која ја поднел на решението за одбивање на барањето за прекин на издржувањето на казната.

За неговите тврдења Јовановски вели дека со посебни барања и иницирани постапки биле известени шефот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ОЈО ГОКК, Ислам Абази, од кого побарал да биде изведен пред него во итен рок, потоа амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Судскиот совет, Меѓународниот суд за човекови права и други меѓународни и домашни организации.

Јовановски издржува затворска казна од 9 години за случајот „Рекет“.

 

 

Поврзани новости