Бојан Јовановски смирено ја ислуша судијката Васка Николовска Масевска, која предмалку ја соопшти пресудата за случајот „Рекет“, со која Боки 13 е осуден на 9 години затвор, а поранешната шефица на СЈО, Јанева, на 7 години затвор.
Откако обвинителката Вилма Русковска побара притвор за двајцата осудени, Јовановски побара збор.
-Ова е политичка одлука. Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, рече Боки 13, по што судијката нареди да се изнесе од судницата, но кога полицајците го фатија за раце, Јовановски почна да зборува за притворот, па судијката го остави да се доискаже.
-Нама да се дадам во бегство, едвај го чекам први јули, едвај чекам да дозволите да отидам во јавното обвинителство овие денови за сите вистински сторители на кривични дела во оваа земја. Знам дека ќе ми го продолжите притворот бидејќи така ви е наредено, истакна Јовановски.