Боки 13 осуден на пет години затвор за „Меѓународен сојуз“

by irena 12:33
12:33

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на пет години затвор поради измама и перење пари во случајот „Меѓународен сојуз“.

Oбвинетиот не присуствуваше на судењето.

За делото измама е осуден на три години затвор, за перење пари е осуден исто на три години, односно единечната казна е пет години затвор.

Според обвинението, со наводен проект за изградба на старски домови, Јовановски измамил двајца бизнисмени, меѓу кои и покојниот Силјан Мицевски, а со парите што нивните фирми ги уплатиле, ги финансирал телевизијата „1ТВ“ и невладината „Меѓународен сојуз“ и купувал лични предмети.

Слични вести