Боки 13 од судница честиташе Божиќ

by Фокус

На денешното судење за случајот „Рекет“, сведочеше адвокатот Сашко Бошков, а потоа обвинетиот Бојан Јовановски ја искористи можноста вкрстено да го испрашува сведокот. Пред да го постави првото прашање, Боки 13 рече дека сака да честита Божиќ.

-На сите верници од католичка вероисповед сакам да им го честитам Божиќ – рече Јовановски, па почна да поставува прашања.

Јовановски го праша адвокатот дали во телевизијата дошол за да прашаат за реклама за вино, но адвокатот рече дека не е точно.

Тогаш, Јовановски го праша и дали е точно дека додека бил во притвор во истражниот затвор му нудел непристојни предлози, на што сведокот одговори негативно.

Тој претходно сведочеше дека Боки 13 преку него му понудил на неговиот кум Зоранчо Митровски да плати 2 милиони евра, а за возврат ќе му се поништат 4 истраги водени против него.

В.В.

Поврзани новости