697
Бојан Јовановски-Боки 13, денеска од истражниот затвор „Скопје“ е пренесен на скопските клиники, поради влошување на неговата здравствена состојба, дознава „Фокус“ од извори од одбраната.
Ова е трет пат како Јовановски од притвор се носи на клиника. Засега е неизвесно дали ќе биде задржан на лекување.
Боки 13, како осомничен во случајот „Рекет“ повеќе од еден месец е во притвор во затворот во Шутка. Во овој случај осомничени се и Зоран Милевски Кичеец и Катица Јанева.
В.В.