Боки 13 од болничко лекување е вратен во затвор во предканцерогена состојба

by Fokus

Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 кој издржува казна за случајот „Рекет“ е вратен во затвор во предканцерогена состојба, соопшти неговиот тим.

„Ваквото постапување е спротивно на препораките дадени од десетици лекари кои го лекуваа Јовановски во изминатиот период, спротивно на конзилијарните мислења и лекарските извештаи. Во нив јасно стои дека без прекин на казната, услови за лекување на метаплазието на желудник не може да се спроведе во пенални услови, а со оглед на специфичната состојба во која се наоѓа.

 За предканцерогената состојба на Јовановски, Ви доставуваме и хистопатолошки наод од Институтот за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје каде се констатира„Наодот одговара за хроничен гастритис со фокуси на интестинална метаплазија“.

 

Од медицинската документација, која исто така Ви ја доставуваме во целост, јасно стои„Доколку не се спроведат дадените препораки за понатамошно лекување на пациентот исклучиво и единствено во задолжителни домашни услови, согласно сето погоренаведено ќе настанат трајни последици по животот и здравјето на пациентот. Наодот е реферириран на стручен колегиум на ЈЗУ УК св. Наум Охридски и стручниот колегиум  е едногласно согласен за дадените препораки и упатство за понатамошно лекување“.

 Потсетуваме дека Јовановски веќе алармираше дека е мета на невидена и незапаметена тортура, која исто така, влијае на неговото здравје. Враќањето на Јовановски во пенални услови и во ваква здравствена состојба не претставува само грубо кршење на неговите права, туку и опасност за неговиот живот.

 Јовановски очекува тортурата кон него да биде поинтензивна и поради сите јавни објави. Ја повикуваме јавноста будно да го следи процесот кој тој го иницираше“, велат од неговиот правен тим.

Поврзани новости