Денешното рочиште за случајот ,,Рекет” започна со презентирање на инстаграм-фотографии како докази од страна на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13.
Тој напомена дека инстаграм-фотографиите можат да се приложат како доказ затоа што на социјалните мрежи се регистрира датумот и времето кога е направена фотографијата.
Прикажаните фотографии се направени во период од 2013 до 2019 година, а сите предмети се одземени од Обвинителството.
Осомничениот објаснува каква облека, накит, аксесоари или чанта носи на предметната фотографија, како и од кој бренд се предметите и датумот кога е објавена фотографијата на социјалната мрежа Инстаграм.
Денешното рочиште ќе продолжи со приложување на докази од страна на осомничениот Јовановски.
Како што е предвидено, осомничената Катица Јанева на денешното рочиште треба да ги предложи нејзините сведоци.