Боки 13 на распит кај Русковска

by fokus

Бојан Јовановски денеска од истражниот затвор „Скопје“ беше спроведен во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде што треба да даде исказ за истрагата за „Меѓународен сојуз“.

На распит денеска е повикан и неговиот татко Миле Јовановски и  асистентката Христина Блажевска. Исказ пред обвинителката Русковска претходно даде пратеничката Фросина Ременски и потпретседателката на сојузот Јасна Мандиќ.

Овој дел на истрагата се однесува на измамите со изградбата на старски домови, за кои бизнисмени како Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски наседнале и инвестирале првиот околу 700 илјади евра, Амзоски околу 200 илјади евра, а наводно биле рекетирани и други бизнисмени, како Зоран Азманов и други.

Поврзани новости