Познатиот водител и менаџер на 1ТВ, Бојан Јовановски – Боки 13, вели дека компанијата БМЈ Медиа Груп ќе плати за сместување во Скопје на роднините на настраданите во тешката сообраќајка вчера на патот Скопје-Тетово, а ќе им помогне на семејствата со еднократна помош.
„Во свое лично име и во име на 1ТВ сакам да ја соопштам следнава одлука. За семејствата на сите повредени лица кои настрадаа во вчерашната трагична сообраќајна несреќа и кои што се сега на лекување во Скопје нашата компанија ќе им обезбеди сместување во Скопје додека трае лекувањето на настраданите и парична еднократна помош за лекување на настраданите. Гореспоменатите семејства ќе бидат веднаш контактирани од страна на менаџментот на телевизијата и веднаш ќе им биде овозможена наведената помош и поддршка во овие тешки моменти. Посакувам брзо опоравување на сите настрадани лица и уште еднаш го изразувам своето длабоко сочувство кон семејствата на загинатите лица“, напиша тој.
Vo svoe licno ime i vo ime na 1TV sakam da ja soopstam slednava odluka na nasata kompanija. Za semejstvata na site…
Publiée par Boki Jovanovski sur Jeudi 14 février 2019