Боки 13: Ќе го надминам Јосип Броз Тито

by Fokus

Првообвинетиот во Рекет, Бојан Јовановски – Боки 13, на крајот од денешното сведочење на Катица Јанева повторно зборуваше за неговиот политички ангажман.

„Во однос на мојот вчерашен исказ дека ќе се занимавам со политика, би сакал судот да ми овозможи да имам право на мои соопштенија до јавноста кои ќе ги пласирам преку вас и да не ме цензурирате зошто јас со овој предмет немам забрана за вршење на било каква политичка дејност. Целта ми е сите политички малверзации во оваа држава да ги посведочам за да станам лидер на нова европска Македонија”, рече Јовановски.

Во неговото обраќање до јавноста го прекина и обвинителката Вилма Русковска со коментар:„Судија да не решил со неговиот политички ангажман да го достигне Јосип Броз? “

„И ќе го надминам”, додаде Јовановски.

 

Поврзани новости