627
На денешното рочиште за случајот “Рекет”, во Кривичниот суд, Бојан Јовановски ја даде својата одбрана.
Тој тврдеше дека со рака не ја фатил торбата луј витон, и дека има снимка како Зоран Милевски Кичеец му ја враќа торбата на Орце Камчев.
-Кога бевме кај Камчев, го снема Милески, отиде во друга просторија. Се врати со торбата која ја мафташе, како да е празна. Затворена беше, не видов што има во неа. Не сум ја допрел торбата, рече Боки 13, кој кажа дека потоа со Кичеец се упатиле кон неговите родители.
Тој посочи дека на камерата на Камчев има снимка од 22 јануари, два дена откако Кичеец ја зел торбата, и му ја вратил на Камчев.